Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Разгледување и усвојување на Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 30.05.2022 година;
2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец мај 2022 година;
3. Расправа по барањето на подносителот ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, Друштво за диструбуција на електрична енергија, за донесување на правно мислење во врска со правното прашање кој орган е надлежен за спроведување и извршување на дејствијата утврдени со донесените судски решенија за издавање на привремена мерка, дали тоа се основните судовите согласно одредбите од Законот за обезбедување на побарувањата или надлежни се извршителите согласно одредбите од Законот за извршување;
4. Расправа по правното прашање за судир на надлежност помеѓу Управниот суд и Основниот суд, за поништување на одлука за разрешување на директор на Културна установа, заради воодначување на судската практика помеѓу советите Врховниот суд на Република Северна Македонија;
5. Расправа по правното прашање за примена на член 111 став 4 од Законот за административните службеници во врска со правото на додаток на плата по основ на кариера („Службен весник на РМ“ бр.27/14), заради воодначување на судската практика помеѓу советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
6. Разгледување на барањето на Јетон Тахири адвокат од Тетово, за донесување на правно мислење во врска со три правни прашања за надомест на материјална штета, за солидарен должник-одговорно лице во правното лице и за рок за поднесување на предлог за обезбедување на докази;
7. Разгледување на Иницијативата на Душко Чангов од Скопје и Техно-Интерекспорт ДООЕЛ Скопје, за донесување на правни мислења по повеќе правни прашања;
8. Расправа по правното прашање дали постои важна причина во смисла на член 61 од Законот за парничната постапка, за определување на друг стварно надлежен суд, затоа што странка или полномошник на една од странките во спорот е син на претседателот на судот, заради воодначување на судската практика помеѓу советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
9.Разно;
Оддел за граѓански дела