Адеми: Интегритетот на судијата е најсилната гаранција дека тој нема да биде подложен на притисоци и влијанија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Адеми: Интегритетот на судијата е најсилната гаранција дека тој нема да биде подложен на притисоци и влијанија
„Преку својот личен пример секој судија го штити угледот на судството и независноста на судската власт и воедно ја зајакнува довербата на граѓаните. Интегритетот на судијата е најсилната гаранција дека тој нема да биде подложен на притисоци и влијанија од каква било природа и дека ќе постапува правично и законито во интерес на правдата, но и дека ќе постапува професионално во име на граѓаните.
Непристрасното применување на правото и прописите, правичното судење, унапредувањето на човековите права, еднаквоста пред законите и правната сигурност заснована на владеење на правото се темелни принципи на секое независно судство и на секоја правна држава.
И овие принципи не смеат да бидат само декларативно запишани начела, туку треба да бидат жива практика, начин на однесување и постапување, цврст стандард во функционирањето на судството“, истакнува Адеми.