Претседателот на Врховниот суд се обрати на Тркалезна маса посветена на спречување на корупцијата во судството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд се обрати на Тркалезна маса посветена на спречување на корупцијата во судството

Настани, Новости  |  16.9.2022
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, денеска учествуваше и се обрати на Тркалезна маса на која се дискутираше за превенцијата и спречувањето на корупцијата во судството.

  

 

Адеми во своето обраќање истакна дека корупцијата ги напаѓа највиталните вредности на државата и основните права и слободи на граѓаните и затоа обврската за спречување на корупцијата мора да биде од највисока важност.

Потребно е да постои изразена политичка волја за градење систем на законски мерки и овластувања на сите, но посебно на надлежните и специјализираните државни органи и тела за спречување на корупцијата“, нагласи претседателката на Врховниот суд.

Адеми додаде дека можностите за корупцијата во судството мора да бидат разгледани сериозно, бидејќи судството е дел од власта, а секоја власт мора да биде отворена на критика.

Сепак, потребно е да се нагласи дека корупцијата во судството не е правило, туку исклучок, поради што и треба да се има таков пристап кон неа. Општа е задачата за подобрување на условите во судството, со цел да се стабилизира судскиот систем, да се зајакне легитимитетот на пресудувањето и постепено да се враќа довербата на граѓаните во правичноста на судските одлуки и во севкупниот правен поредок преку сузбивање на корупцијата“, истакна Адеми.

Мора да работиме посветено на враќање на угледот на судството како целина, што секако, ќе има позитивно влијание и на угледот на судијата одделно. За општествениот углед на судството, сѐ уште е потребно да се стори многу нешто од секој судија одделно, судската управа, правосудната управа и најмногу можеби, од извршната и законодавната власт, кои треба да создадат материјални и други услови за изградба на едно современо судство кое ќе одговори на неговата уставна улога и функција “, порача претседателката Адеми во своето обраќање.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_