Претседателот на Врховниот суд со поздравно обраќање пред новата генерација слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателот на Врховниот суд со поздравно обраќање пред новата генерација слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители
Претседателката Адеми кон новата генерација слушатели во Академијата порача:
„Знаењето кое ќе го стекнете и надградите во оваа почетна обука како во теоретскиот дел така и во практичниот дел, ќе биде од огромно значење во Вашата изградба како професионални, независни, непристрасни и ефикасни судии и јавни обвинители, но и како Ваш понатамошен вредносен и етички избор. Уверена сум дека во Вас се содржани сите квалитети со сите вредносни определби за вршење на одговорната судиска и обвинителска функција и верувам дека обуката низ која ќе поминете ќе го зацементира кај Вас разбирањето на правдата како водечка идеја на правото, како цивилизирана придобивка – гарант на човековите слободи и права“.
Претседателката Адеми додаде дека Врховниот суд како од започнувањето на функционирањето на Академијата, така и понатаму, ја дава и ќе ја дава својата севкупна поддршка на Академијата во сите иницијативи на планот на реализирање на почетната и на континуираната обука.