Претседателката на Врховниот суд оствари средба со претседателите на четирите апелациони судови за постапувањето со судската архива
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд оствари средба со претседателите на четирите апелациони судови за постапувањето со судската архива
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска оствари средба со претседателите на четирите апелациони судови во врска со состојбата со судската архива во судовите и за постапувањето со архивата во смисла на доследно применување на Судскиот деловник, Законот за архивски материјал и правилата за архивско работење.
Претседателката на Врховниот суд и претседателите на четирите апелациони судови истакнаа дека неминовно е подобрување на условите во кои се чува и се заштитува архивата во судовите и дека потребно е итно започнување и експедитивно завршување на постапките во согласност со Судскиот деловник и Законот за архивски материјал.
Адеми истакна дека Врховниот суд на Република Северна Македонија ги спроведува постапките за архивирање во координација со Државниот Архив на Република Северна Македонија, укажувајќи дека сите судови треба да постапуваат во согласност со законот и во таа насока да преземаат соодветни мерки за судската архива.
Воедно, Претседателката Адеми побара од претседателите на четирите апелациони судови да достават детална информација со предлог буџетска проекција за секој суд поединечно во врска со подобрувањето на просторните и техничките услови за чувањето на судската архива, а со цел истите да бидат доставени во Судскиот буџетски совет.