Врховниот суд го одбележа Денот на правосудството и ја промовираше новата Збирка на судски одлуки [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд го одбележа Денот на правосудството и ја промовираше новата Збирка на судски одлуки

Новости  |  01.4.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија го одбележа 31 март, Денот на македонското правосудство и по повод значајниот датум ја објави и ја промовираше новата Збирка на судски одлуки 2018 – 2023.

На свечениот настан кој се одржа во Врховниот суд присуствуваа претставниците на правосудните институции, амбасадорите на САД, Европската Унија и Кралството Холандија, и претставниците на граѓанските организации, академската заедница и судската администрација.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, честитајќи го Денот на правосудството, истакна дека историските традиции над кои е втемелено современото судство мора да се почитуваат и да се негуваат.

Како претседател на Врховниот суд на овој значаен ден Ве повикувам сите заедно, со заеднички сили, да бидеме солидарни во име на владеењето на правото и иднината на нашата држава. Сите заедно мора да бидеме на браникот на независната судска власт. Тоа треба да биде одраз на нашиот интегритет, но и на нашата судска култура.“, истакна Адеми.

„Да се носи судиската тога е голема одговорност. Таа треба да биде нашата гордост и достоинство. Заклетвата која ја даваме е нашата света обврска, пред Уставот и пред граѓаните. Судството не смее да му служи никому освен на граѓаните, на уставот и на законите. Довербата на граѓаните во правосудството е од суштинско значење за владеење на правото“, нагласи претседателката на Врховниот суд.

Претседателката на Судскиот Совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева, во своето обраќање нагласи дека принципите на независност на судството мора да се почитуваат и дека квалитетните одлуки се огледало на судството.

Дамева подвлече дека Врховниот суд е на нивото на својата задача и го поздрави објавувањето на новата Збирка на судски одлуки на Врховниот суд.

Во рамки на свечениот настан, во знак на почит и благодарност за континуираната поддршка на судството и Врховниот суд на Република Северна Македонија во име на владеењето на правото, беа доделени свечени плакети.

Свечени плакети беа доделени на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир и на амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп.

Заблагодарувајќи се за искажаната почит и благодарност, амбасадорите истакнаа дека независноста на судството и интегритетот се клучни за владеењето на правото, дека градењето на јавната доверба е од императивно значење и дека во таа насока мора да се продолжи со реформскиот процес согласно европските стандарди.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_