Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 30.04.2024 година;
2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец март 2024 година;
3. Разгледување на Заклучокот на Одделот за судска практика СПЗ-4/24-1 од 22.04.2024 година, за воедначување на судската практика за правното прашање за видот на каматата кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута во денарска противвредност сметано по средниот курс на НБРСМ кој важи на денот на плаќањето;
4. Расправа по барањето на Николчо Атанасовски адвокат од Делчево, за ревидирање и доработка на веќе донесено правно мислење од Одделот за граѓански дела по однос на правните прашања дали доверителот треба активно да учествува за постапката пропишана со член 218 од Законот за извршување, дали во постапка за секој доверител должникот треба да поднесува посебно барање за ограничување и дали доколку не поднесе барање тие налози треба да се спроведат и да добијат приоритет во смисла на член 209 став 3 од Законот за извршување (ако со закон не е поинаку определено), како се постапува во случај кога должникот има сметки кај повеќе банки, ако се има во предвид дека не постои систем тие да се контролираат меѓу себе и колку време може да трае тоа ограничување и во кој износ, мислејќи на одреден износ изразен во проценти;
5. Разгледување на иницијативата на Наташа Филиповска, адвокат од Скопје, за донесување на правно мислење;
По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:
По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 30.04.2023 година;
По втората точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец март 2024 година;
По третата точка од дневниот ред, усвои заклучок дека постои различна судска практика за конкретното правно прашање и е определен судија известител;
По четвртата точка од дневниот ред, усвои заклучок барањето да не се усвои;
По петтата точка од дневниот ред, усвои заклучок барањето да не се усвои.