Жалбата против мерката притвор во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска е одбиена како неоснована
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Жалбата против мерката притвор во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска е одбиена како неоснована
Соопштенија за јавност
|
13.3.2024
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе одлука по жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена против Решението за продолжување на мерката притвор, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на ден 13.03.2024 година, донесе Решение ВКЖ1-11/24, со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година.