Поздравно обраќање на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми по повод Денот на правосудството
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Поздравно обраќање на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми по повод Денот на правосудството
Во своето обраќање Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија ја нагласи потребата од континуирано градење и одржување, современ и ефикасен судски систем, независни и ефикасни судови, како и потребата за почитување на самостојноста на судијата, но и одговорното стручно и совесно вршење на судската функција, негување на судскиот интегритет и висок професионализам, кои се сигурна основа за враќање на довербата на граѓаните во судството, обезбедување на правна сигурност и заштита на демократските човекови права и слободи.
На крајот од свеченото обраќање Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми упати честитки по повод Денот на одбележувањето на македонското судство - 31 март.