Уважена е жалбата против мерката притвор во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Уважена е жалбата против мерката притвор во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска
Новости, Соопштенија за јавност
|
25.4.2024
Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот A.Ѓ. jа уважи
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.