Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Одлучување по Приговор на судија на Основен суд Виница, изјавен против Одлука за измена на Годишен распоред за работата на Основен суд Виница за 2022 година.
2. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење поднесена од Марија Давидовска, адвокат од Скопје.
3. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење поднесена од Адвокатско друштво Лазов Бадева Адвокати од Скопје.
4. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Каљтрина Усеини, адвокат од Тетово.
5. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Заменик - Народен правобранител.
По одржаната расправа, Општата седница:
По првата точка на дневниот ред, донесе Решение со кое го уважи наведениот Приговор.
По втората точка на дневниот ред донесе Заклучок со кој Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Марија Давидовска, адвокат од Скопје, не се усвојува.
По третата точка на дневниот ред донесе Заклучок со кој Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Адвокатско друштво Лазов Бадева Адвокати од Скопје, не се усвојува.
По четвртата точка на дневниот ред донесе Заклучок со кој Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Каљтрина Усеини, адвокат од Тетово, не се усвојува.
По петтата точка на дневниот ред донесе Заклучок со кој Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Заменик - Народен правобранител, се отфрла.
Врховен суд на Република Северна Македонија