Претседателката на Врховниот суд оствари посета на Апелациониот суд Гостивар и на основните судови Гостивар, Тетово и Дебар
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд оствари посета на Апелациониот суд Гостивар и на основните судови Гостивар, Тетово и Дебар
Во рамки на посетата претседателката Адеми оствари средба со претседателот на Апелациониот суд Гостивар, Беким Мехмеди, со претседателот на Основниот суд Гостивар, Елјеса Алији, со судијата Садула Изаири и со претседателот на Основниот суд Дебар, Мерсим Марку.
На работните посети се говореше за повеќе прашања кои се значајни за функционирањето на судовите, со посебен акцент на потребата од финансиска независност, обезбедувањето на судски и стручен кадар, унапредување на ажурноста и ефикасноста, реализирањето на капиталните инвестиции и проекти, одржувањето на судските згради и пристапноста до граѓаните.
Воедно, на средбите се говореше и за отвореноста и транспарентноста, архивирањето на предметите, употребата на информатичката технологија и потребата од континуирана соработка на судовите.
Во таа насока, на работните состаници беше потенцирано дека Врховниот суд како највисок суд во државата и во идниот период ќе дава поддршка на заложбите за унапредено судство и на активностите кои се засноваат на начелото на владеењето на правото и независност на судството, од законодавен, функционален и финансиски аспект.