Претседателката на Врховниот суд учествуваше на Меѓународна конференција во организација на УНОДЦ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд учествуваше на Меѓународна конференција во организација на УНОДЦ
Новости
|
01.3.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, учествуваше на Меѓународна конференција во организација на УНОДЦ, која се одржа во Тирана, Република Албанија.
На Конференцијата се говореше за повеќе актуелни теми од областа на судската практика и унапредувањето на ефикасноста и функционалноста на судските системи, со посебен фокус на кривично-правната проблематика.
Претседателката Адеми во своето обраќање даде осврт на работата на Врховниот суд во поглед на судската практика, усогласеноста со европските стандарди и конзистентноста на судските одлуки, како позитивна констатација во Извештајот на Европската унија и во релевантните меѓународни извештаи. Во таа насока, претседателката на Врховниот суд го нагласи и значењето на меѓународната соработка за унапредувањето на судските системи на регионално ниво.