Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  12.7.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 11.07.2023 година одржа Општа седница, со следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Оценките и заклучоците по извештаите за работењето на судовите во Република Северна Македонија за 2022 година (предлог).

2. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Драган Тоневски, адвокат од Скопје.

3. Расправа по Иницијатива за утврдување Начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Трајче Митевски, адвокат од Кавадарци.

4. Реферат по Барање за заштита на законитоста против решението ПСРРЖ.бр.154/22, поднесено од Владо Ушлиновски.

5. Расправа по Иницијатива за правно мислење за навремена тужба по одлука на второстепената комисија при Агенцијата за администрација на РСМ поднесена од Златко Јолески, адвокат од Скопје.

6. Расправа по Иницијатива за правно мислење поднесена од ЈЗУ Здравствен дом „Прим.Д-р.Ѓорѓи Гаврилски“ од Свети Николе.

7. Расправа по Иницијатива за правно мислење од ЈЗУ Здравствен дом Панче Караѓозов од Штип.

8. Барање за правно мислење во врска со правно прашање од интерес за единствена примена на правото и воедначување на судската практика, поднесено од Николчо Атанасовски, адвокат од Делчево.

 

По одржаната расправа, Општата седница:

 

По првата точка од дневниот ред, го усвои Оценките и Заклучоците по Извештаите за работењето на судовите во Република Северна Македонија за 2022 година

По втората точка од дневниот ред, расправата се одложи за следна Општа седница.

По третата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата за утврдување Начелен став и Начелно правно мислење поднесена од Трајче Митевски, адвокат од Кавадарци, не се усвојува.

По четвртата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој Барањето за заштита на законитоста против решението ПСРРЖ.бр.154/22, поднесено од Владо Ушлиновски, се отфрла како недозволено.

По петтата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијатовата за правно мислење за навремена тужба по одлука на второстепената комисија при Агенцијата за администрација на РСМ поднесена од Златко Јолески, адвокат од Скопје, не се усвојува.

По шетстата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата за правно мислење поднесена од ЈЗУ Здравствен дом Прим.Д-р.Ѓорѓи Гаврилски од Свети Николе, се отфрла бидејќи е поднесенa од неовластен субјект.

По седмата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата за правно мислење од ЈЗУ Здравствен дом Панче Караѓозов од Штип, се отфрла бидејќи е поднесенa од неовластен субјект.

По осмата точка од дневниот ред, утврди Начелно правно мислење во врска со правно прашање од интерес за единствена примена на правото и воедначување на судската практика, по Барање поднесено од Николчо Атанасовски, адвокат од Делчево.

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_