Врховниот суд оценет со високо ниво на транспарентност во новиот Извештај за слободниот пристап до информации
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Врховниот суд оценет со високо ниво на транспарентност во новиот Извештај за слободниот пристап до информации
Во Извештајот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер се нотираат податоците за доследното спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и остварувањето на правото на граѓаните за слободен пристап до информации. Во таа насока, во Извештајот се нагласува високото ниво на транспарентност на Врховниот суд на Република Северна Македонија кој бележи нагорен тренд.
Воедно, во Извештајот се посочува дека информацијата е предуслов за одговорна власт и основа за демократските процеси. Информациите за работата на имателите им овозможуваат на граѓаните адекватно да донесуваат заклучоци и да партиципираат во носењето на одлуки за прашања кои се од нивен интерес. Транспарентноста и пристапот до информациите од јавен карактер се неделиви инструменти во борба против корупцијата.