По повод Европскиот ден на правдата, студентите по право и граѓанските организации во посета на Врховниот суд [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

По повод Европскиот ден на правдата, студентите по право и граѓанските организации во посета на Врховниот суд

Новости  |  26.10.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска го одбележа Европскиот ден на правдата и по тој повод студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и граѓанските организации беа во посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Студентите под менторство на професорките д-р Александра Деановска Трендафилова и д-р Александра Груевска Дракулевски, имаа можност да се запознаат со работата на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Во таа насока, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, истакна дека согласно надлежностите Врховниот суд презема континуирани активности за унапредување на ефикасноста, транспарентноста и заштитата на човековите права и јавниот интерес.

Претседателката Адеми им порача на студентите дека правничката професија подразбира многу посветеност, упорност, одлучност и интегритет и дека токму правниците се тие кои мора со својот авторитет, умешност и знаење да го одбранат владеењето на правото.

По повод Европскиот ден на правдата, Врховниот суд на Република Северна Македонија го посетија и претставниците на граѓанските организации, односно Центарот за правни истражувања и анализи, Коалицијата сите за правично судење, Македонското здружение на млади правници и Институтот за човекови права.

На средбата со граѓанските организации беше истакнато дека соработката помеѓу граѓанскиот сектор и судството има клучна улога за заштитата на владеењето на правото и дека само преку таквата соработка може да се исполнат европските стандарди и реформската агенда, како и унапредувањето на јавната доверба.

Во име на плодната соработка и владеењето на правото и по повод на Европскиот ден на правдата, претседателката на Врховниот суд им додели благодарници на граѓанските организации, нагласувајќи ја нивната значајна улога во општеството и правосудството и придонесот кои го даваат за унапредувањето на судството.

Дваесет и петти октомври е Европски ден на граѓанската правда, кој секоја година се одбележува во европските држави. Целта на неговото одбележување во сите европски држави е правдата да се доближи до јавноста и граѓаните да бидат запознаени со нејзиното спроведување.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_