Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Соопштенија за јавност
|
12.1.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 12.01.2024 година, одржа Општа седница, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1.Одлучување по приговор СУ-03.бр.842/23 од 28.12.2023 година, поднесен од судија на Основен граѓански суд Скопје, изјавен против Годишниот распоред за работа на Основен граѓански суд Скопје за 2024 година.
По одржаната расправа, Општата седница:
По точката од дневниот ред, донесе Решение со кое приговорот СУ-03.бр.842/23 од 28.12.2023 година, поднесен од судија на Основен граѓански суд Скопје, изјавен против Годишниот распоред за работа на Основен граѓански суд Скопје за 2024 година, се одбива.