Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1.Реферат по Барање за заштита на законитоста поднесено од Владо и Стефан Ушлиновски, двајцата од Скопје, против Решение на Вишиот управен суд.
2. Давање на Предлог - мислење за бројот на предметите што треба да ги реши секој судија месечно во Врховниот суд на Република Северна Македонија за остварување на ориентациониот број на предмети, по барање на Судски совет на Република Северна Македонија.
По одржаната расправа, Општата седница:
По првата точка од дневниот ред донесе Решение со кое Барањето за заштита на законитоста поднесено од Владо и Стефан Ушлиновски, двајцата од Скопје, против Решението на Вишиот управен суд, се отфрла како недозволено.
По втората точка од дневниот ред усвои Mислење за бројот на предметите што треба да ги реши секој судија месечно во Врховниот суд на Република Северна Македонија за остварување на ориентациониот број на предмети, по барање на Судски совет на Република Северна Македонија.