Соопштение за поднесено барање за заштита на законитоста по предметот познат во јавноста како „Талир“
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за поднесено барање за заштита на законитоста по предметот познат во јавноста како „Талир“
Соопштенија за јавност
|
15.8.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на ден 29.07.2024 година до овој суд поднесено е Барање за заштита на законитоста од Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, против решението на Основен суд Скопје 1 Скопје КОК-ООА бр.44/18 од 24.12.2018 година.
Во барањето за заштита на законитоста се посочува дека се поднесува поради повреда на член 415 став 1 точка 5 од Законот за кривичната постапка во врска со член 22 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и повреда на член 12 став 2 од Законот за кривичната постапка во врска со член 110 став 1, 2 и 3 од Законот за јавното обвинителство.
Поднесеното барање за заштита на законитоста се однесува на предметот познат во јавноста како „Талир“.