Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари средба со германската амбасадорка Петра Дрекслер
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари средба со германската амбасадорка Петра Дрекслер
На денешната средба се разговараше за повеќе теми од областа на владеењето на правото, со посебен акцент на потребата од донесувањето на законските измени во согласност со препораките на Европската унија, зајакнувањето на независноста и ефикасноста на судството, борбата против корупцијата и унапредувањето на транспаретноста во согласност со начелата на отвореното судство.
Претседателката на Врховниот суд ги нагласи заложбите на Врховниот суд во поглед на унапредувањето на судската практика, предлозите во врска со потребните законски измени, активностите на Советот за отворено судство, донесувањето на внатрешните процедури за ефикасно одлучување по предметите од јавен интерес и утврдувањето на начелните ставови во согласност со практиката на Европскиот суд за човековите права.
Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, подвлече дека заложбите во судството кои се во насока на исполнување на европските стандарди, потребно е континирано да се поддржуваат бидејќи владеењето на правото е клучно прашање за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.