Одржана Седница на судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Одржана Седница на судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Седницата на судии истакнува дека необезбедувањето на законски утврдените средства за судството е спротивно на неговата уставна и законска независност. Врховниот суд на Република Северна Македонија и минатата година јавно реагираше дека буџетските средства наменети за судството постојано се намалуваат и не се доделуваат во согласност со Законот за судскиот буџет, на што упатуваат и податоците на Државниот завод за ревизија.
Исто така, Седницата на судии заклучи дека законските измени кои се однесуваат на статусот на судиите потребно е да има јавна дебата и доследно почитување на законските одредби кои гарантираат дека висината на судиската плата се определува на начин што на судијата му обезбедува заштита од притисоци и влијанија при неговото постапување и одлучување.