Врховниот суд оценет со високо ниво на транспарентност во новиот Извештај за слободниот пристап до информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд оценет со високо ниво на транспарентност во новиот Извештај за слободниот пристап до информации

Новости  |  20.5.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија е оценет со високо ниво на транспарентност во новиот Извештај за извршена проверка на објавените документи и информации кои имателите од судската власт во Република Северна Македонија се обврзани да ги објават на своите веб-портали.

 

Во Извештајот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер се нотираат податоците за доследното спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и остварувањето на правото на граѓаните за слободен пристап до информации. Во таа насока, во Извештајот се нагласува високото ниво на транспарентност на Врховниот суд на Република Северна Македонија кој бележи нагорен тренд.

Воедно, во Извештајот се посочува дека информацијата е предуслов за одговорна власт и основа за демократските процеси. Информациите за работата на имателите им овозможуваат на граѓаните адекватно да донесуваат заклучоци и да партиципираат во носењето на одлуки за прашања кои се од нивен интерес. Транспарентноста и пристапот до информациите од јавен карактер се неделиви инструменти во борба против корупцијата.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_