Врховниот суд и Коалицијата „Сите за правично судење“ ги презентираа извештаите за состојбите во судството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд и Коалицијата „Сите за правично судење“ ги презентираа извештаите за состојбите во судството

Новости  |  19.12.2024
Коалицијата „Сите за правично судење“ одржа завршна конференција на која беа презентитани анализите за состојбите во правосудството за 2024 година. На конференцијата беше даден осврт и на Извештајот на Врховниот суд на РСМ од посетите на основните и апелационите судови.

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, истакна дека истражувањата на Коалицијата коиндицираат со Извештаите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за ивршените посети на пониските судови и кои имаат иста цел, а тоа е да се нагласи важноста на начелото на финансиска независност како предуслов за независноста на судството.

Со посетите на судовите се овозможи непосреден увид на состојбите во судовите и информирање за проблемите со кои се соочуваат судовите и кои предизвикуваат реперкусии во нивното функционирање. Воедно, посетите имаа за цел да се унапреди соработката помеѓу судовите во Република Северна Македонија, заснована на законските и меѓународни принципи за независност на судството од законски, функционален и финансиски аспект“, истакна Адеми.

На настанот беше потенцирано дека општа констатација од извршените посети на апелационите и основните судови од страна на Врховниот суд на Република Северна Македонија е дека судовите во Република Северна Македонија се соочуваат со бројни проблеми кои предизвикуваат сериозни реперкусии во работењето и дека потребно е преземање на итни мерки за надминување на нотираната состојба која е алармантна.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_