Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 10.12.2024 година;
2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец ноември 2024 година;
3. Продолжување со расправа по Заклучокот на Одделот за судска практика од 12.02.2024 година, за воедначување на судската практика по однос на правното прашање дали постои причина да се определи во одделен предмет да постапува друг стварно надлежен суд во случај кога како странка се јавува судија на тој суд (точката е одложена од 10.12.2024 година);
4. Продолжување со расправа по барањето на Душко Манев адвокат од Радовиш, за донесување на правно мислење по однос на прашањето, дали нотарот како физичко лице, по престанокот на вршењето на службата поради одење во пензија, во судска постапка може да бара наплата на побарувања кои не се наплатени до денот на престанокот на вршење на службата нотар и дали има како физичко лице активна легитимација за водење на такви спорови;
5. Разгледување на дописот на Министерство за правда–Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во врска со пресудата Шапкаровски и Каневче против Северна Македонија А.бр.42520/17 и 50129/17 од 22.10.2024 година;
6. Разгледување и усвојување на сентенци по предметите Рев2-55/23 и Рев2-117/23;
7. Разгледување и усвојување на сентенци по предметите Рев1-27/24, Рев3-26/23, Рев1-211/19, Рев1-146/18, Рев3-95/18, и Рев1-205/16;
По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:
По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 10.12.2024 година;
По втората точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец ноември 2024 година;
По третата точка од дневниот ред, усвои правно мислење;
По четвртата точка од дневниот ред, усвои правно мислење;
По петтата точка од дневниот ред, го разгледа дописот на Министерство за правда–Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права;
По шестата точка од дневниот ред, усвои сентенци за предметите Рев2-55/23 и Рев2-117/23;
По седмата точка од дневниот ред, усвои сентенци за предметите Рев1-27/24, Рев3-26/23, а за другите предмети ја одложи расправата;