Претседателката на Врховниот суд оствари посета на основните судови Велес, Неготино, Кавадарци и Гевгелија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Врховниот суд оствари посета на основните судови Велес, Неготино, Кавадарци и Гевгелија
На работните посети се говореше за повеќе прашања кои се значајни за работата на судовите кои се однесуваат на потребата од обезбедување на судски и стручен кадар и унапредувањето на ажурноста и ефикасноста.
На средбите се говореше и за реализирањето на капиталните инвестиции и проекти, одржувањето на судските згради и пристапноста до граѓаните.
Исто така, на средбите се говореше и за отвореноста и транспарентноста, архивирањето на предметите, употребата на информатичката технологија и потребата од континуирана соработка на судовите.
Во таа насока, на работните состанoци беше потенцирано дека Врховниот суд како највисок суд во државата и во идниот период ќе дава поддршка на заложбите за унапредено судство и на активностите кои се засноваат на начелото на владеењето на правото и независност на судството, од законодавен, функционален и финансиски аспект.