Средба на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со Холандскиот амбасадор
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со Холандскиот амбасадор
На средбата, се разговараше за предизвиците кои се исправени пред судиите во примената на новите Методологии за оценување на сложеноста на предметите, за оценување на судиите и претседателите на судови, за кои Општата седница даде позитивно мислење, како и улогата на судиите по отварањето на поглавјето 23 и 24 во рамки на отпочнувањето на преговорите за пристапување и интеграција на земјата во Европската унија.
Воедно, се разговараше за улогата на Врховниот суд на Република Северна Македонија во примената и потребата од измена на легислативата кога се уредуваат прашања од значење за работата на судовите, за не изборот на нови судии од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија со што сериозно се доведува во прашање ефикасноста и ажурното работење на судовите, како и предизвиците и заложбите за финансиска самостојност на судиите и судската администрација.
Се постави прашањето и за последните политички изјави за вклучување на Меѓународни експерти по одредени судски постапки, за што обострано се укажа на потребата од обезбедување на услови за независно и непристрасно постапување на судовите во обезбедување на правна сигурност на граѓаните, притоа отфрлајќи секаков вид на надворешно влијание врз право раздавањето неопходно за владеење на правото и заштита на слободите и правата на граѓаните.
На крајот на средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката и комуникацијата меѓу Врховниот суд на Република Северна Македонија и амбасадата на Кралството Холандија во нашата држава ќе продолжи понатака преку одржување на редовни заеднички средби посветени на следење на состојбите во судството.