Соопштение за одржана седница на Одделот за казниви дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржана седница на Одделот за казниви дела

Соопштенија за јавност  |  09.12.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 07.12.2021 година (вторник) во 10 часот одржа седница на Одделот за казниви дела, на која беше предложен и прифатен следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

1. Усвојување на записникот од седница на Одделот за казниви дела одржана на ден 08.11.2021 година.

2. Расправа по Препораките на Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП и усвојување на начелен став во предметот Бајиќ против РСМ, А.бр.2833/13 од 10 јуни 2021 година, за доследна примена на начелото на еднаквост на оружјата и контрадикторност на кривичната постапка.

3. Усвојување на Правното мислење донесено на седницата на Одделот за казниви дела од 20.05.2021 година – одложена од 08.11.2021 година.

4. Донесување и усвојување заклучок преку Одделот за судска пракса по правно прашање на Апелациониот суд Скопје, за одлучување по имотно-правното побарување на оштетен согласно член 114 од ЗКП (одложено од 20.05.2021 година и 08.11.2021 година.).

5. Разгледување на допис на Судски совет на РСМ бр.02-1408/1 од 14.09.2020 година за казнената политика за кривични дела од областа на сообраќајот, доставен преку Одделот за судска практика СПР.бр.24/21.

6. Расправа по усвоени заклучоци на Одделот за казниви дела во 2019 година, 2020 година и 2021 година, за објавување на WEB страната на овој суд – одложена од 08.11.2021 година.

7. Расправа и усвојување на сентенци по предметите во овој суд: Квп2.бр.7/20, Квп2.бр.18/21, Вкж1.бр.9/21, Квп2.бр.5/21, Вкж2.бр.14/21 и Кзз.бр.1/21– одложена од 08.11.2021 година.

8. Расправа по правнo прашањe на Апелационен суд Скопје: Дали е казнив обидот на кривичното дело - „Тешка кражба“ од член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 од КЗ - одложена од 08.11.2021 година.

9.  Расправа по правнo прашањe на Апелационен суд Штип: Каков вид на постапка да се спроведе при решавањето на прекршочен предмет кој веќе еднаш е укинат, а потребно е да се преиначи првостепената пресуда од ослободителна во осудителна, при што потребно е да се утврди поинаква фактичка состојба од онаа која ја утврдил првостепениот суд – одложена од 08.11.2021 година.

10. Расправа по правно прашање на Апелационен суд Битола за сметање на рокот од член 83 став 4 од Законот за прекршоците.

 

По одржаната расправа:

 

-  По првата точка од Дневниот ред, усвоен е записникот од седницата на Одделот за казниви дела одржана на ден 20.05.2021 година.

- По втората точка од Дневниот ред, беше расправано по дописот со Препораки на Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП во врска со извршување на пресудата на Евроскиот суд за човекови права Бајиќ против РСМ, А.бр.2833/13, 10 јуни 2021 година и се донесе заклучок со кој одговорот на Јавното обвинителство на РСМ по поднесено барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда да се доставува до подносителот на барањето во писмена, или електронска форма на запознавање со можност по потреба да се произнесат со дополнителен коментар, во рок од 8 дена од приемот, а согласно пресудата на Европскиот суд за човекови права (Бајиќ против РСМ), бр.2833/13, § 58 и § 59, 10 јуни 2021 година).

Со ваквиот начин на работа Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе започне да постапува од 1-ви јануари 2022 година.

- По третата точка од Дневниот ред, беше усвоено Правно мислење, донесено на седницата на Одделот за казниви дела  од 20.05.2021 година, кое дополнително ќе биде објавено на WEB страната на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

- По четвртата точка од Дневниот ред, беше усвоен заклучок преку Одделот за судска пракса по правно прашање на Апелациониот суд Скопје, за одлучување по имотно-правното побарување на оштетен, согласно член 114 од ЗКП.

- По петтата точка од Дневниот ред, беше разгледан дописот на Судски совет на РСМ бр.02-1408/1 од 14.09.2020 година за казнената политика за кривични дела од областа на сообраќајот, доставен преку Одделот за судска практика СПР.бр.24/21 и писмено ќе се одговори.

- По шестата точка од Дневниот ред, беше расправано по усвоени заклучоци на Одделот за казниви дела 2020 година и 2021 година, кои дополнително ќе се објават на WEB страната на овој суд.

-  По седмата точка од Дневниот ред, беа усвоени сентенци по предметите на овој суд: Квп2.бр.7/20, Квп2.бр.18/21, Вкж1.бр.9/21, Квп2.бр.5/21 и Вкж2.бр.14/21, кои дополнително ќе се објават на WEB страната на овој суд.

-  По осмата точка од Дневниот ред, беше расправано по правнo прашањe на Апелационен суд Скопје и се донесе заклучок дека обидот на кривичното дело -„Тешка кражба“ од член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 од КЗ, е казнив.

-  По деветтата точка од Дневниот ред, беше расправано по правнo прашањe на Апелационен суд Штип и се донесе заклучок, кој дополнително ќе се објави на WEB страната на овој суд.

-  По десеттата точка од Дневниот ред, беше расправано по правнo прашањe на Апелационен суд Битола за сметање на рокот од член 83 став 4 од Законот за прекршоците и се констатира да се изготви иницијатива и реферат за на Општа седница.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_