Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Известување за извршени работни посети на Апелационен суд Скопје на ден 05.12.2022 година и Апелационен суд Штип на ден 14.12.2022 година.
2. Расправа за дополнување на донесениот Заклучок на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 21.12.2022 година по повод прашањето околу објавување на донесени одлуки на веб страниците на судовите.
По одржаната расправа, Општата седница:
По првата точка од дневниот ред ги усвои Извештаите од извршените работни посети на Апелационен суд Скопје на ден 05.12.2022 година и Апелационен суд Штип на ден 14.12.2022 година.
По втората точка од дневниот ред донесе Заклучок Врховниот суд на Република Северна Македонија да поднесе Иницијатива до Министерството за правда за измена на одредбите од член 9 од Законот за управување со движењето на предметите во судовите и член 99 став 5 од Законот за судовите.
Врховен суд на Република Северна Македонија