Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  30.12.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 26.12.2022 година одржа седница на Одделот за граѓански дела, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 23.11.2022 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец октомври и ноември 2022 година;

3. Дополнување на правно мислење донесено на седница на Одделот за граѓански дела на ден 12.07.2022 година, за правното прашање кој орган е надлежен за спроведување и извршување на дејствијата утврдени со донесените судски решенија за издавање на привремена мерка, дали тоа се основните судови согласно одредбите од Законот за обезбедување на побарувањата или надлежни се извршителите согласно одредбите од Законот за извршување;

4. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за воедначување на судската практика за правното прашањето дали во случај кога налогот за извршување е донесен врз основа на член 210 од ЗИ, кога налозите за извршување ги задолжуваат трезорските сметки, претседателот на судот, постапувајки по барање за определување на минимални средства за вршење на дејност на должник-општина, има право да ја примени одредбата од член 218 од ЗИ, која се однесува на извршување врз подвижни предмети и права спрема Република Македонија и нејзините органи и единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија, и да определи лимит за извршување врз парични средства на сметката на должникот на трезорските сметки, односно на должникот која се наоѓа во рамките на трезорските сметки;

5. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 08-09.06.2022 година, за воедначување на судската практика за правното прашањето, дали на вработените во судската полиција-судски полицајци им следува бонус плата предвидена во член 117 став 4 од Законот за работните односи, како и надоместок на трошоци за исхрана за ноќна работа предвиден во член 128 од ЗРО, со оглед на тоа што овие надоместоци не се предвидени во Законот за судската служба, но се предвидени со Законот за работните односи и дали во конкретниот случај за оваа категорија на вработени треба да се примени Законот за работните односи;

6. Разгледување на барањето Влатко Ристовски, адвокат од Скопје, за донесување правно мислење во врска со правното прашање дали забелешката ставена на испратница која потоа е потпишана може да се смета за приговор за материјален недостаток на стоката;

7. Разгледување на барањето на Цветозар Ристески, адвокат од Струга, за преиспитување на пресуда на Врховниот суд на РСМ, и донесување на правно мислење за пасивно легитимирано лице во споровите за вознемирување на сопственост;

8. Разгледување на барањето на Никола Пили, адвокат од Битола, за произнесување во врска со правното прашање кој правен акт за правото на сопственост има поголема важност, дали договор за распределба на имот за време на живот или судска пресуда;

 

По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

 

По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 23.11.2022 година;

По втората точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец октомври и ноември 2022 година;

По третата точка од дневниот ред, усвои дополнување на правно мислење за правното прашање;

По четвртата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање;

По петтата точка од дневниот ред, донесе Заклучок точката да се одложи;

По шестата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој барањето на Влатко Ристовски, адвокат од Скопје за донесување правно мислење, не се прифаќа.

По седмата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој барањето на Цветозар Ристески, адвокат од Струга, за преиспитување на пресуда на Врховниот суд на РСМ и донесување на правно мислење, не се прифаќа.

По осмата точка од дневниот ред, донесе Заклучок дека без конкретен предмет, Одделот нема законски основ да се произнесува по правното прашање на Никола Пили, адвокат од Битола.

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

                                                                                                                  Оддел за граѓански дела

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_