Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 28.02.2022 година;
2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец февруари 2022 година;
3. Разгледување на барањето на Ана Петровски адвокат од Скопје, за донесување на правно мислење за прашањето, дали преддоговорот за купопродажба на недвижен имот во кој е договорено дека цената ќе се плати на денот на склучување на главниот договор, обврзува плаќање на цената и без да се склучи главниот договор, односно дали продавачот може со тужба за долг да бара само исплата на цена без притоа да бара истовремено склучување и на главен договор;
4. Разгледување на барањето на Лидија Апостолова од Скопје, за воедначување на судската практика по однос на давањето третман на договорот за здружување на средства за изградба на станбени згради како бестоварен или товарен договор;
5. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за донесување на правно мислење за прашањето кој е активно легитимиран да поднесе тужба за регресен долг од неосигурано возило, Националното биро за осигурување или осигурителната компанија која ја надоместила штетата;
6. Разгледување и усвојување на сентенца по предметот Рев2.бр.594/2021;
7. Разно;
Оддел за граѓански дела