Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рок
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рок
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Предлог - Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 15.02.2023 година.
2. Разгледување и усвојување на Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците јануари и февруари 2023 година.
3. Донесување на заклучок, кој се однесува на работата на второстепениот Жалбен совет - Реферат по предметот ПСРРЖ.бр.161/2022.
4. Донесување на заклучок кој се однесува за работата на Одделот за судење во разумен рок - Реферат по предметот ПСРРЖ.бр.144/2022
5. Разно.
По одржаната расправа:
По првата точка од дневниот ред, се усвои Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 15.02.2023 година;
По втората точка од дневниот ред, се разгледаа и се усвоија Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците јануари и февруари 2023 година;
По третата точка од дневниот ред, по дискусијата која се отвори по излагањето на рефератот по предметот ПСРРЖ.бр.161/2022, беше донесен Заклучок од интерес за работата на советите во Одделот за судење во разумен рок.
По четвртата точка од дневниот ред, по дискусијата која се отвори по излагањето на рефератот по предметот ПСРРЖ.бр.144/2022, беше донесен Заклучок од интерес за работата на советите во Одделот за судење во разумен рок.
Врховен суд на Република Северна Македонија
Оддел за судење во разумен рок