Претседателот на Врховниот суд на Меѓународна конференција по повод 110-годишнината од Врховниот суд на Република Албанија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателот на Врховниот суд на Меѓународна конференција по повод 110-годишнината од Врховниот суд на Република Албанија
Упатувајќи честитки за јубилејот и изразувајќи благодарност за поканата за учество на настанот, претедателката Адеми на почетокот од своето обраќање нагласи дека ваквите средби и конференции претставуваат значаен придонес во развивањето на соработката и пријателските односи помеѓу судските инстанци и даваат можност да се разговара за значајни теми како што е темата за развојот на судската практика.
„Судската практика заснована на универзалните и суштинските вредности и принципи е особено важна денес за земјите кои поминуваат низ судска реформа, бидејќи правото се развива не само според домашното, туку и според меѓународното право. Универзалните вредности треба да се бранат, тие треба да се зајакнат, а каде ако не преку судските одлуки и создавањето на конзистентна судската пракса како гаранција за принципите на правна сигурност и правна предвидливост. Можеме слободно да кажеме дека Судската практика претставува гарант за промоција на принципот на владеење на правото, воспоставување на силни стандарди кои обезбедуваат заштита на човековите права и основните слободи, пристап до суд, независност, непристрасност, професионалност и интегритет“, истакна Адеми во своето обраќање.