Претседателката на Врховниот суд оствари средба со претставниците на Проектот „Поддршка на ЕУ за владеењето на правото“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари средба со претставниците на Проектот „Поддршка на ЕУ за владеењето на правото“

Новости, Соопштенија за јавност  |  19.7.2023
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари средба со претставници од Проектот за поддршка на ЕУ за владеењето на правото, предводени од д-р Грегорж Борковски, лидер на компонента 1 на Проектот.

На средбата која се одржа во Врховниот суд се разговараше за активностите кои ќе се реализираат во насока на зајакувањето на владеењето на правото во Република Северна Македонија, посебно во делот на правосудните институции.

Претседателката на Врховниот суд истакна дека соработката во рамките на проектот има исклучително значење за судството во Република Северна Македонија, како и за континуираните заложби кои се однесуваат на унапредувањето на независноста, ефикасноста, квалитетот на правдата, транспаретноста и меѓународната соработка.

Во таа насока, Адеми ги претстави активностите на Врховниот суд во поглед на унапредувањето на судската практика, утврдувањето на начелните ставови кои се нотирани во меѓународните извештаи, примената на европските стандарди, работата на Советот за отворено судство, заложбите и предлозите за подобрување на законодавството со посебен акцент на Стратегијата за реформи на правосудството, иницијативите за законски измени, комуникацијата и соработката со граѓанскиот сектор, заложбите за зголемена транспарентност и предлозите во врска со подобрувањето на АКМИС-системот и архивското работење во целост.

Како долгогодишен судија, правен експерт и претставник на проектот, д-р Грегорж Борковски, истакна дека заложбите на Врховниот суд на Република Северна Македонија говорат за посветеноста која ја има највисокиот суд во државата кон фундаменталните прашања за функционирање на судството во согласност со принципите на независност, ефикасност и транспарентност.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_