Европски ден на правдата во Врховниот суд
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Европски ден на правдата во Врховниот суд
Новости
|
26.10.2023
По повод Европскиот ден на правдата, 25 октомври, во посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија беа ученици од ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ од Скопје.
Во рамки на посетата, учениците се запознаа со положбата, надлежностите, работата и активностите на Врховниот суд како највисок суд во државата, но и со функционирањето на судскиот и правниот систем и улогата која треба да ја имаат судовите за заштита на човековите права и примената на стандардите а Европскиот суд за човековите права.
Дваесет и петти октомври е Европски ден на правдата, кој секоја година се одбележува во сите европски држави и има за цел правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување.