Годишен извештај и Програма за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Годишен извештај и Програма за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Основна програмска цел на Врховниот суд на Република Северна Македонија е ефикасно, ажурно и транспарентно постапување и одлучување во согласност со уставните и законските надлежности.
За остварување на оваа цел, Судот ќе продолжи со остварувањето на своите надлежности во согласност со реформските процеси и со констатациите и препораките во Извештајот на Европската Унија.
Во оваа насока, Судот ќе продолжи со унапредувањето на судската практика; конзистентноста на одлуките; утврдувањето на начелните ставови, правни мислења и заклучоци; преземањето активности за поголема инклузивност, унапредувањето на транспарентноста; зајакнувањето на статусот на судиите и нивниот интегритет; статусот на судската служба и континуирано постапување во согласност со стратешките документи за реформи во правосудниот сектор и за борбата против корупцијата.
Годишната програма за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија може да се преземе на следниот линк.
Врховниот суд на Република Северна Македонија извештајната 2023 година ја заврши како ефикасен и ажурен суд, остварувајќи ја својата надлежност согласно Уставот, Законите и Меѓународно ратификуваните договори во согласност со Уставот, како и во согласност со програмските цели.
Врховниот суд на Република Северна Македонија поаѓајќи од податоците во извештајната 2023 година за реализирани активности ќе продолжи со активностите и заложбите за ефикасност, ажурност и функционална и финансиска независност.
Годишниот извештај за работата на Врховниот суд на Република Северна Македонија може да се преземе на следниот линк.