Претседателот на Врховниот суд во посета на Академијата за судии и јавни обвинители на Кралството Холандија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателот на Врховниот суд во посета на Академијата за судии и јавни обвинители на Кралството Холандија
Новости
|
04.4.2023
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, е во посета на Академијата за судии и јавни обвинители на Кралството Холандија.
Во рамки на посетата на Академијата за судии и јавни обвинители на Кралството Холандија се говори за прашања кои се однесуваат на унапредувањето на правосудството во поглед на едукацијата, размената на искуства, ефикасноста, транспарентноста, примената на европските стандарди и меѓународната соработка.
Покрај претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, во Делегацијата од Република Северна Македонија, се и претседателите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, членови на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители и заменик директорот на Академијата.