Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  17.5.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 15.05.2023 година одржа седница на Одделот за граѓански дела, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 21.03.2023 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец февруари и март 2023 година;

3. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за воедначување на судската практика за правното прашањето, дали на странката и следуваат трошоци на име надомест за изготвено вештачење во услови кога странката во прилог на тужбата или одговорот на тужба не доствува доказ дека е платено вештачењето туку приложува фактура изготвена од вештото лице;

4. Разгледување на барање поднесено од Душко Чангов од Скопје, доставено до Одделот за судска практика во врска со отстапување од судска пракса;

5. Разгледување на Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06-09 јуни 2022 година, за воедначување на судската практика за правното прашањето, дали работникот за да го оствари правото од член 126 од ЗРО на соодветна храна за работа ноќно време или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работни исплатен во РСМ во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот рботи ноќе, е потребно работникот да работи ноќе барем три часа од својата редовна дневна работна обврска и истиот да одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, или е доволно работникот да работи ноќе барем три часа од својата работна дневна работа, без оглед дали одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска ил не;

6. Разгледување на барање поднесено од Даниел Ајтов од Кавадарци, за донесување на правно мислење-сентенца по однос на плаќање на такса за одлука во управна постапка пред Управниот суд;

7. Разгледување на барање поднесено од ликвидаторот на Штедилница Дикуко ДОО во ликвидација Скопје – Рахилка Куковска, за автентично толкување на решение на суд со кое е дадено овластување на ликвидатор да ги штити интересите на правното лице;

 

По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

 

  По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 21.03.2023 година;По втората точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец февруари и март 2023 година;

По третата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање;

По четвртата точка од дневниот ред, донесе Заклучок дека не се исполнети условите да се постапува по барањето со оглед дека не е посочено постоење на различни одлуки за кои треба да се воедначи судската практика;

По петтата точка од дневниот ред, донесе Заклучок дека нема основ да се расправа по поставеното правно прашање, со оглед дека не се укажува на постоење на различна судска практика;

По шестата точка од дневниот ред, донесе Заклучок дека нема основ за донесување на правно мислење-сентенца во врска со правното прашање;

По седмата точка од дневниот ред, донесе Заклучок дека нема основ да се постапува по поднесеното барање;

 

                                                                                                                  

                                                                                    Врховен суд на Република Северна Македонија

                                                                                                          Оддел за граѓански дела

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_