Општи податоци [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци

 

Врховниот суд на Република Северна Македонија е највисок суд во државата и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите. Врховниот суд ја врши судската власт на целата територија на Републиката и има седиште во Скопје.

 Надлежност:

- решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;

- решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;

- решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;

- решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови;

- одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Северна Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободи и тргнувајќи од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и

- врши други работи определени со закон.

Организација
Историјат
Програма за поддршка на медијацијата

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Известување

    Соопштенија за јавност  | 28.10.2024
    Целосна промена на асфалтниот дел на влезните патеки и соодветно уредување на просторот. [повеќе]
  • По повод Европскиот ден на правдата, студентите по право и граѓанските организации во посета на Врховниот суд

    Новости  | 26.10.2024
    Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска го одбележа Европскиот ден на правдата и по тој повод студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и граѓанските организации беа во посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија. [повеќе]
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ

    Новости  | 24.10.2024
    Во периодот од 24.10.2024 до 28.10.2024 година ќе се преземат градежни активности на влезните патеки до зградата на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Со градежните активности се предвидува целосна промена на асвалтниот дел на влезните патеки и соодветно уредување на просторот. [повеќе]

Сите вести