За судиите
За судиите
ВД Претседател
CV на ВД Претседател
Судија Д-р Џемали Саити
Образование:
- Роден на 14.09.1966 година во Глумово, Скопје.
- Основно и средно образование – Скопје.
- Дипломиран правник – правосудна насока, Правен факултет Скопје, 21.03.1991 година.
- Правосуден испит, положен на 24.06.1996 година.
- Последипломски студии: - Магистар на правни науки – Правен факултет при Државниот Тетовски Универзитет на тема: “Примената на посебните истражни мерки“.
- Доктор на правни науки - Правен факултет “Јустинијан први“ Скопје. Одбрана на докторската дисертација на 06.11.2012 година, под наслов “Алтернативните мерки наспроти новите облици на криминалитет“
Работно искуство:
● 1992 - 1993 новинар во МРТ – Радио Скопје.
● 1996 година до крајот на 1999 година – адвокат во Скопје.
● На 27.12.1999 година, избран за Министер за локална самоуправа во Владата на РМ, до 13.05.2001 година.
● 2002 - 2006 година, член на Државната изборна комисија.
● 2001 - 2004 година,заменик на претседателот на Државната пописна комисија.
● Од декември 2010 година до август 2011 година, член на Државната пописна комисија.
● Од 23.05.2005 – 18.08.2011 година, адвокат во Скопје.
● Од 2006 година, овластен медијатор.
● Од 18.08.2011 година, судија во Виш управен суд.
● Од 25.12.2012 година, Судија во Врховен суд на РМ.
● Од 13.03.2025 година, Вршител на должност Претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија.
Други ангажмани:
● Од 20.03.2016 – мај 2024 година, Претседател на Здружение на судии на РСМ.
● Член на Совет за реформи при Министерството за Правда на РСМ, 2017 -2022 година.
● Член на Советот за имплементација на Стратегијата за реформи на правосудниот систем при Владата на РСМ, 2017 -2022 година.
● Член на работна група за изготвување на Стратегија за реформа на правосудниот систем, учество на работни состаноци и донесување на финалниот текст.
● Член на работна група Закон за судови и Закон за судски совет 2017 -2019 година.
● Член на работните групи за КЗ и ЗКП.
●Член на управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители во период ноември 2020 година – ноември 2024 година.
● Член на Комисијата за прием (приемен испит) на кандидати за судии и јавни обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев”, во два мандата од по две години.
● Повремен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители.
● Член – Потпретседател на Комисијата за полагање на правосуден испит при Министерството за правда - Влада на РСМ, од март 2024 година.
● Предавач на Универзитет Мајка Тереза, Скопје, Правен факултет – Смер Криминалистика, наставни предмети: Криминологија и Кривично право – Општ дел 2023/2024 и Казнено процесно право 2024/2025.
● Предавач на Универзитет Мајка Тереза, Скопје, Правен факултет наставен предмети: Кривично право – Општ дел 2024/2025 година.
● Ангажиран во проектот на ОБСЕ – Мисијата во Македонија, Сектор за судски реформи – Оддел за владеење на правото, како домашен експерт за потготвување на “Напатствијата за хармонизирање на казненета политика и практичната апликација на спогодбата” – Agreement No. 112/2013(PR-302342
Објавени трудови и активности:
● Учество – Судија/Оценувач на Regional Moot Court Cempetition 2022 Nis, Civil Rights Defenders,
● Учество – Судија/Оценувач на Regional Moot Court Cempetition 2023 Podgorica, Civil Rights Defenders,
●Учество на Летната школа за студенти во Дубровник на тема: Погрешно осудени лица, од 11-17 март 2018 година – Излагач. International Spring Course, Crime Prevention Through Criminal Law & Security Studies 10th edition, “ Innocence Projects and Criminal Justice”. “Wrongful convictions in Macedonia where the main problem is not acknowledging the presumption of innocence due to negative public opinion and unprofessionality of the law enforcement. Book PRAVNIK 103.1.1,. https://hrcak.srce.hr/en/200808
● Учество на Јавна расправа во Собрание на РМ, на 11.04.2018 година. На оваа расправа беа изнесени предлозите и забелешките на Здружението на судиите во однос на Законот за судовите и Законот за судски совет, притоа, претседателот на Здружението “Ги повика позицијата и опозицијата да ги почитуваат основните начела за независно и самостојно судство утврдени во повеке меѓународно акти и документи, притоа акцентирајки дека усогласените предлози на власта и опозицијата одат на штета на судиите, решенија кои на крај имаат негативен ефект врз корисниците на услугите на правосудниот сектор и владеењето на правото”. Оваа јавна расправа беше од отворен карактер и на неа можеа да присуствуваата и други судии.
● Учество на Работниот состанок – Преговори со експерсткиот тим од Брисел во Брисел, за усогласување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, како член на работната група за изготвување на Стратегијата за реформа на правосудниот систем и претседател на ЗСРМ.
● Учество на состаноци на ЕУ- Поткомитет, одржани во Скопје, 14 ноември 2017 иоктомври 2019 година. На овие состаноци беа разгледани теми кои се однесуваа на усогласувањето на националната легислатива со легислативата на ЕУ во рамките на поглавјето 23 и 24 како и имплеменрација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со акцент на реформските приоритети и препораките на Експертската група (Прибе)за владеење на правото
● Учество на Работниот состанок – Преговори со експерсткиот тим од Брисел во Брисел, за усогласување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година.
● Учество на состаноци на ЕУ- Поткомитет, одржани во Скопје, 14 ноември 2017 иоктомври 2019 година.
●Учество на работниот состанок со експерсткиот тим од Брисел во Брисел, за усогласување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, како член на работната група за изготвување на Стратегијата за реформа на правосудниот систем и претседател на ЗСРМ, 27-28 дептември 2017 година
● Учество – Излагач, на Завршната Конференција на Проектот “Мрежа 23”, под наслов “Полавје 23”: “Пандорина кутија или клуч за добро владеење”.
● Учество на Десетта сесија на Работна група 3, Правосудство и основни права (Поглавје 23) на Тема: „АКТУЕЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО МАКЕДОНСКОТО ПРАВОСУДСТВО НИЗ ПЕРСПЕКТИВАТА НА ПРЕПОРАКИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“, 4 мај 2022 година, Панелист: Методологија на оценување на квалитетот на работата на судиите и јавните обвинители и методологија за утврдување на сложеноста на предметите.
● Учество на International Conference of Ombudspersons and National Human Rights Institutions for Environment and Human Rights 20-21 November 2024, организиран од страна на Народниот правобранител со подршка на UNDP, UNNHRI, Излагач на тема: National Perspectives on Environmental Protection and Justice in North Macedonia, со осврт на Начелниот став на Врховниот суд на РСМ, во однос на правото на чист воздух.
● Учество на Тркалезната маса за начелниот став за загаденоста на воздухот и заштита на животната средина, на тема “Улогата на судовите во заштитата на животната средина”, во организација на Центарот за истражувања и правни анализи, 4 декември 2024година.
● Учество на Осмата Меѓународни судиски конференциа 2024, Организирани од ЗСРМ со подршка на Амбасадата на САД во РМ и CEELI Унститутот од Прага – Излагач и модератор на панел.
●Учество на првата Научна студентска конференција на студентите на Универзитетот на југоисточна европа во Тетово, во организација на Правниот факултет, одржана на 15 април 2017 година – Излагач
● Учество на Панел дискусија International Human Rights Day: Legal and Institutional Perspectives, 10 декември 2024 година, Универзитет на Југоситочна Европа. Тема: "Улогата на судството во заштитата и унапредувањето на основните човекови права во РСМ".
● Учество - Панелист на 9- тата Меѓународна Конференција на Правниот факултет при Тетовскиот Универзитет под наслов: ''Правото на добро владеење и социјалната правда', 06 - 08 ноември 2024 , Тема: Правото и доброто владение во судскиот систем на РСМ.
● Учество на работилница на Тема: Судска независност – Обезбедување на слободно и фер судство, организирана од ЗСРСМ & U.S Departament of Justice& U.S Departament of State Bureau of International Narcotics, одржана на 25 -26 септември 2024 година, во Гевгелија. Панелист, излагање на тема: Закани за судската независност – Искуството во РС.Македонија.
● Панелист на 86 Средба на Здружение на Правници, 02-04.11.2023 година во Охрид. Излагање на Тема: “Легалитетот наспрема легитимитетот на Судскиот совет во Македонскиот правосуден систем”.
● Учество на Меѓународна Конференција на Тема: Кривично правна и прекршочна заштита на вработените во МВР, АР, АНБ УФП, во организација на Македонскиот полициски синдикат, одржана во Охрид на 13.09.2024 година – Излагач.
● Собрание на РСМ, Комисија за Европски Прашања, Учество на јавна дебата во рамките на 63 -тата седница на Комисијата, 9 октомври 2023 година, на тема „Владеење во функција на граѓаните во рамките на Комисијата за европски прашања“, Излагање.
●Учество (расправа) на работилницата посветена на Комуникациска стратегија на Судскиот совет и судовите во Република Северна Македонија (2024-2028) и Акциски план, Организирана од страна на Судскиот совет и Rule of Law.
● Учество на Работилница за Судски Менаџмент, 29 септември 2023 година во Скопје, организирана од страна на ЗСРСМ, Департментот за правда на САД, ИНЛ и Амбасада на САД во Скопје, Модерирање и формулирање на звршните заклучоци.
● Учество на работилница за изготвување на “ Националната развојна стратегија – предизвици, идни приоритети и социјални промени во стратешката област ,,Владеење во функција на граѓаните“, 23.06.2023 година (петок), во хотел Александар Палас, Генерален Секретаријат на Владата на РСМ.
●Учество на IV –та Интернационална Конференција во Задар – Република Хрватска одржана во период 14-15 септември 2018 година, во Организација на Хрватското здружение на судии и SEELI институтот од Прага. Тема: Судски интегритет и идните предизвици и Европското право и нејзината примена од страна на националните судови, со акцент на примената на Европската конвенција за човекови права, улогата на Европското право во националнот право, како тема на вториот ден.
●Член на Владината (Државната) делегација за претпристапни преговори, за полноправно членство на ЕУ, 27-28 септември 2018 година, Брисел, во делот на реформите во правосудниот систем.
●Студиска посета на Република Хрватска, финасирана од Делегацијата на ЕУ, преку TAIEX - инструментот за претпристапна помош, наменета за управувачкиот кадар на ЗСРМ, а на која учествуваа претседателот на Здружението, потпретседателот и секретарот. Посетата е остварена во период од 2-7 јули 2017 година. ТAEX Twinning – IPA на тема: “Организација и улогата на Здруженијата на судии”.
●Учество на Работилница за примената на судската пракса во организација на Центарот за правни истражувања, Врховен суд и ЗСРМ. Ова работилница се одржа во Струга, на 26 и 27 октомври 2017 година, на која учестуваа судии од РМ, кои се занимаваат со судската пракса. Во својство на странски експерти учествуваа судиите Дамир Контрец и судија Гаранчич, судии на Врховниот суд на Република Хрватска, кои ги пренесоа Хрватските искуства во однос на примената на судската пракса.
● Учество – Излагач на Конференција за примената на Закон за кривичната постапка: 10 години предности и предизвици, 4-5 декември 2023 година, организирана од страна на ОБСЕ Мисијата во Скопје со поддршка на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, Здружение на јавни обвинители на Република Северна Македонија и Здружение за кривично право и криминологија.
● Организирање и одржување на Манифестација Денови на Правосудство – “Независност и ефикасност на судството“ март/април, 2017, 2018 и 2019, 2021, 2022, 2023 и 2024 година, во организација на ЗСРМ подржана од ОБСЕ – Мисијата во Скопје и Британската амбасада во РМ.
● Организирање на VII (седум) Меѓународни судиски конференции во период од 2016 - 2022 година. Организирани од ЗСРМ со подршка на Амбасадата на САД во РМ и CEELI Унститутот од Прага. Учествуваа судии и претседатели на судови од регионот, САД и државата на теми, кои се однесуваат на Зајакнување на капацитетите на судската независност и транспарентност, реформите во правосудниот систем, ветингот, меѓународната соработка во кривичната материја, оценувањето, евалуацијата и одговорноста на судиите, поставеноста на судскиот совет и други теми.
● Осмислување и имплементација на работилница за Изготвување на Програма за работа на Советодавното тело за етика на судиите и судиите поротници, 14-15.07.2023 година, Велес, ЗСРСМ.
● Организирање и одржување на Конференција во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, 14 јули 2022 година, во хотелот Холидеј Ин, Скопје, ЗСРСМ, на Тема: „Функционализација и операционализација на Советодавното тело за судиска етика во Северна Македонија”.
● Организирање на дводневна изолациона работилница ЗСРМ – ОБСЕ, 6 и 7 март 2018 година. Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРМ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 6 и 7 март 2018 година, во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза, во Скопје, одржа дводневна работна сесија за усогласување на мислењата и коментарите од судството во однос на предлог измените на Законот за судовите (ЗС) и Законот за Судски совет на Република Македонија (ЗССРМ).
● Осмислување и имплементација на Проектот Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија – Подобрување на капацитетите на судството, во организација на ЗСРМ а со подршка на Амбасадата на САД во РМ. Организирани 4 работилници во аплелационите подрачја: Скопје, Штип, Битола и Гостивар на теми од итните реформски приоритети од Планот 3-6-9 на Владата на РМ. Вкупно во оваа компонента од проектот учествуваа 120 судии, од кои 10 судии како предавачи (експерти); 4 правни експерти – професори, новинари, претставници на медиумите во Република Македонија. Учествуваа и американски експерти и судии.
● Presentation of the Corruption Risk Assessment of the Judiciary in North Macedonia, 13 June 2023, Aleksandar Palace Hotel, Излагање – Претседател на ЗСРСМ, Организирана од ДКСК, Здружение на судии на РСМ, Здружение на јавни обвинители и ОБСЕ.
● Проектен раководител, фасцилитатор и излагач на теми од дискусионите форуми.
- Регионална работилница одржана во Штип, за апелационо подрачје Штип, одржана на 12.10.2017 година, на тема: Одговорност на судиите, казнена политика и пробација во светло на правосудната реформа.
- Регионалната работилница во Битола се одржа 28.09.2017 година на тема „Судска реформа за подобрување на капацитетите на судството и казнената политика на судовите во Република Македонија за судиите во апелациското подрачје во Битола (Не присутен).
- Регионалната работилница во Скопје се одржа на 16ти ноември 2017 година по наслов Пристап до правдата: транспарентност на судството, медиумите и казнената политика како предуслов за зајакнување на судиската независност. Работилницата беше конципирана во 2 теми и 3 панели за дискусијата.
- Работилницата со наслов „Пристап до правдатa преку правни и судски реформи за подобрување на судството, казнената политика и пробацијата“, одржана од 5-7 декември во хотел Бистра Маврово, со вкупно 40 учесници (судии, експерти и американски судии) од сите четири апелациски подрачја.
● Осмислување и имплементација на Проект за судиската етика – подржан од МАТРА програмата на Холандската Влада, на која учествуваа експерти – судии од Холандија и Србија, како резултат на која е издадена Правна анализа на стандарди и принципи на судиската етика, објавена во мај и октомври на македонски, албански и англиски јазик.
● Осмислување и имплементација на Проектна активност за судиската транспарентност, подржан од Стејт Департментот и Амбасадата на САД во РСМ, Имолементација на работилница под наслов „Судска транспарентност и евалуација на судиите во светло на реформата на правосудството“ е првата работилница од втората компонента на проектот „Транспарентност на судството”, во обид за воспоставување на поголема соработка на судиите и новинарите, одржана во Скопје, на 12.04.2018 година. На работилницата беше нагласена потребата од поголема соработка на судиите и медиумите, во насока на зголемување на транспарентноста како еден од клучните фактори за враќањето на довербата во судството. Во таа смисла, беше констатирана потребата од можно формализирање на таа соработка преку формирање на Судско-медиумски совет, по примерот на современите практики во делот на транспарентноста во правосудството. На оваа работилница како специјален излагач учествуваше г-ѓа Рашел Шели Коен, поранешна уредничка на секција при „Бостон хералд“, сега колумнистка за „Бостон глоуб“, на денешниот настан истакна дека отворањето на судовите кон јавноста е добар начин да се зголеми доверба на јавноста кон нив
● Имплементација на Работилница во Охрид, 10-11 мај 2018 година, под наслов „Известување за правдата: Патоказ за унапредување на судско-медиумските односи за судии и новинари“ во организација на ЗСРМ и Амбасадата на САД во РМ, се одржа во Охрид, на која учествуваа вкупно 35 учесници. Во првиот панел со наслов „Известување за правдата: Обезбедување на јавна доверба во работата на судството“, свое излагање имаа г-ѓа Анне Шварц, Директор за комуникации и Односи со јавност на Департментот за правда на Висконсин.
● Организирање и имплементација на Работилница 13-14 јуни 2018 година. Охрид, со наслов „Промовирање на транспарентно судство: формализирање на судско-медиумска соработка“, на која учествуваа вкупно 37 учесници, и претставува последна работилница од втората компонента на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ – подобрување на капацитетите на судството“.
● Имплементација на еднодневна Школа за судии - Пристап до медиумите, одржана во Скопје, Александар Палас, 17 мај 2018, во организација на Здружението на судиите на Република Македонија и Амбасадата на САД во РМ, на 17 мај во хотел Александар Палас во Скопје. Обука за судии на тема „Стекнување на ефективни комуникациски вештини – обука за судии и лица за односи со јавност“. На обуката присуствуваа вкупно 18 лица – судии и 4 лица од судовите за односи со јавност. Судиите беа застапени од сите 4 апелациски подрачја во Република Македонија. Обучувачи на оваа обука беа г-ѓа Анне Шварц, Директор за комуникации и односи со јавност при департментот за правда на Висконсин и г-дин Кристофер Лајгл Заменик државен јавен обвинител на Висконсин. Клучни дискутанти - судија д-р Џемали Саити и судија Иван Џолев.
● Имплементација на работилница, во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во РМ - Подобрено судство“, на 20.09.2018 година се одржа VIII - мата работилница која се одвиваше во две панел- дискусии: 1. Конститутивна седница на Судско - Медиумскиот совет формиран во рамки на Здружението на судиите на Република Македонија и и 2. Менаџирање на комплексни судења и гонење на транснационален економски криминал - Улогата на судијата и медиумите во процесот.
●Имплементација на дводневна работилница, во рамките на активностите на Здружението на судиите на Република Македонија во периодот 26-27.11.2018 година, како активност предвидена во рамки на проектот „Зголемување на механизмите за зајкнување на судската етика - Споделување на најдобрите практики во регионот и ЕУ“
● Имплементација на работилница. На 09.05.2019 во хотел „Арка“ се одржа стручна расправа на тема „Управување со предмети и менаџирање на судница“, во организација на ЗСРМ, АСЈО и Амбасадата на САД во РСМ. Расправата имаше за цел да ги укаже најдобрите практики и студии на случаи во однос на успешно менаџирање со судски предмети, изготвување на квалитетни судски одлули и комуникација со медиуми за предмети од јавен интерес. Клучен говорник на расправата беше судијата Пол Бајрон, федерален судија и Г-ѓа Челзи Шинур, резидентен правен советник во Амбасадата на САД во РСМ.
● Имплементација на работилница. На 10.05.2019 Здружението на судиите, Академијата за судии и јавни обвинители и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија се одржа стручна расправа тема “Гонење и судење на делата за попречување на правдата”. Дискусијата се одвиваше со фокус на новото казнено дело предвидено во Казнениот Законик. За прв пат судиите и јавните обвинители имаа можност да зборуваат и да разменат позитивни практики и искуства со осврт на американските искуства во однос на примената на ова дело во практиката. Судија Пол Бајрон и Г-ѓа Челзи Шинур беа клучни говорници на настанот, додека дискусијата и македонските искуства беа презентирани од г-ѓа Вилма Русковска, ЈО на ОЈО за гонење на организоран криминал и корупција и г-ѓа Катица Јанева, СЈО на РСМ. Експертски излагања на оваа тема има Проф.др. Тодор Витларов, ВЈО
● Имплементација на работилница на Судско медиумскиот совет за обезбедување на транспарентноста во судството и одговорноста на медумите, во организација на Здружението на судиите на РС Македонија во соработка со Амбасадата на САД во РС Македониј. Скопје, на 21 Јуни 2019 годин, Оваа работилница беше насочена кон овозможување на транспарентност во првосудството и одговорноста на медиумите. На настанот, свое учество како говорници зедоа претседателите на Судскиот Совет и Советот на Јавните Обвинители на РС Македонија.
● Имплементација на дводневна работлница со тема "Предизвици и практики во втора инстанца" организирана од Здружението на судиите во соработка со Амбасадата на САД во РСМ. Во фокус на работилницата - најдобрите американски практики образложени од судијата Џон Антун, како и панел дискусија на која учество земаа домашни апелациски судии, како и судии од основните судови, кои дебатираа за нивните искуства во одлучувањето и правораздавањето во втор степен, Скопје 27-28 јуни 2019 година.
● Имплементација на Новионарска школа за судии. Здружението на судиите во соработка со Амбасадата на САД во Северна Македонија на ден 31.10.2019, ја организираа дводневната обука за судии и новинари со наслов Новинарска Школа на судии, во рамките на проектот Зајакнување на капацитетите и функционалноста на Судско Медиумскиот совет на Северна Македонија. Свои излагања имаа г-ѓа Шели Коен од судско медиумскиот совет на Врховниот суд на Масачусетс и Јоана Лачана - Шефица на канцеларијата за односи со јавност при ЕУЛЕКС Мисијата во Косово.
● Организирање и имплементација на правната школа за новинари 1-дел, одржана 1-2 декември 2019 година.Во рамкките на проектот Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско медиумскиот совет се одржа правна школа са новинари, под наслов: Правосудство, кривична правда и медиуми.
Во рамките на проектот „Зајакнување на улогата и функционалноста на Судско медиумскиот совет“ на 12- ти декември во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје се одржа вториот дел од работилницата Правна школа за новинари со наслов „Правосудство, кривична правда и медиуми“. На работилницата свое учество имаа членовите на Судско медиумскиот совет и експерти од регионот. Размената на искуства и позитивни практики придонесе кон позитивна расправа за клучните предизвици со кои се соочуваат новинарите при пристапот до списи од судските предмети од јавен интерес, како и односите на судовите со медиумите.
● Осмислување и имплементација на Проектот - Поддршка на транспарентноста во судството и промовирање на јавната доверба во правниот систем, подржан од страна на Меѓународното биро за наркотични средства и примената на Законот и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, кој го имплементира Здружението на судиите од 2022 година.
● Организирање на издавањето на Судиска ревија, издадена во мај 2017 година, формирање на Издавачки совет, Редакциски одбор, Главен и одговорен уредник и обезбедување на средства за печатење.
Воспоставување на органи и тела во рамките на ЗСРМ:
● Формирање на Судско-медиумски совет. Судско – медиумскиот совет е формиран со Одлука на Управниот одбор на ЗСРМ на XX-та седница одржана на 11.09.2018 година. Активности кои се однесуваат на идеата, потребата, начинот на формирање, постапка за хармонизација и воспоставување на дијалог со медиумите - очекувани ефекти. Прво тело од ваков вид во Европа.
● Презентација на Судско-медиумскиот совет пред јавноста, одржана на 21- ви септември 2018 година во хотел Александар Палас во Скопје, како финален продукт од низата активности на 14 месечниот проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Р М - Подобрено судство“, имплементиран од ЗСРМ, а со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје. Советот брои вкупно 21 член, од кои 11 членови се новинари, а 10 членови се судии.
Советот е формиран со цел афирмација на судската транспарентност, унапредување на соработката помеѓу судиите и новинарите за прашања од заеднички интерес, како и зајакнување на пристапот на јавноста до правдата. Свои обраќања на овој настан имаа д- р Џемали Саити судија на ВСРМ и претседател на ЗСРМ, проф. д-р Рената Десковска, Министер за правда во Владата на РМ и г-ѓа Гордана Дувњак – Претседател на Судско - Медиумскиот совет. Почесен гостин на настанот беше Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Н.Е. Џес Бејли.
●Воспоставување во функција на Советодавно тело за судиска етика, Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија, на седница одржана на 25.1.2018 година.
●Воспоставување во функција на вториот состав на Советодавното тело за судиска етика, 04.02.2020, согласно новиот Кодексот за судиска етика, донесен од страна на Општата седница на Врховен суд на РСМ во 2019 година, на предлог на ЗСРМ.
● Организација и учество во изработка и донесување на Стратешки документ за регионално вмрежување на Здруженијата на судиите, во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тргнувајки од билатералните контакти со претставници на асоцијациите од регионот а врз основа на Охридската Декларација, ЗСРМ во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, пристапи кон изготвување на Документ – Стратегија (Концепт) за вмрежување на Здруженијата на судиите од регионот. Стратегијата за вмрежување има функција на концептуална, стратегиска и акциска разработка на неопходните основи за поширока дискусија помеѓу заинтересерините здруженија на судии од регионот на Југоисточна Европа во процесот на визонирање и институционализирње на нивната мултилатерална регионална соработка во воспоставување стандарди за независно судство.
Објавени трудови – автор на изданија:
● Етика и интегритет на судиите да се справат со притисоците, Судиска ревија, мај 2017 година, страна 15-24.
● Некои согледувања за кривичната одговорност кај кривичните дела против правата и слободите на човекот и граѓанинот”, Правник бр. 231/232, г. 2011.
● Почитувањето и заштитата на правата на притворените лица во текот на судската постапка”. Правник, декемвриски број, 2013.
● Некои правни и практични согледувања на прекршочното право на Република Македонија, Македонска ревија за казнено право и криминологија, УДГ 343, Бр.1 2016, страна 61 – 71,
●Напатствијата за хармонизирање на казненета политика и практичната апликација на спогодбата, ОБСЕ – Мисијата во Македонија, Сектор за судски реформи – Оддел за владеење на правото, национален експерт.
●Примена на Европската конвенција за човекови права од страна на домашните судови, МАНУ (Macedonian academy of sciences and arts). Научна расправа одржана во Скопје, на 8 октомври 2014 година, Книга 6.
●Правна Анализа – Практична примена на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, објавена 2017 година. Автори д-р Џемали Саити; проф д-р Никола Тупанчески; проф д-р Александра Деаноска и м-р Андреј Божиновски, подржана од Обсе – Мисија во Скопје и Здружение за кривично право и криминологија на Македонија.
●Правна Анализа – I Казнената политика на судовите во Република Македонија и практична примена на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната II Примената на алтернативните мерки со акцент на пробацијата во Република Македониј. Автори: д-р Џемали Саити, проф д-р Беса Арифи, судија Шпенд Деваја и м-р Андреј Божиновски. Издавачи: ЗСРМ и Амбасадата на САД во Скопје, Скопје, 2018 година.
● Normative And Practical Challenges of The Republic of Macedonia in the right to a Fair Trail Principle”, JO SEEU Review, DO- 10.1515/seeur-2015-0005 Lidija Nededlkova, Xhemali Saiti, Shpend Devaja.
●Правна Анализа на стандардите и принципите на судската етика. Автори: д-р Џемали Саити, м-р Андреј Божиновски, судија Ангела Каптиен, судија Градус Вриезе, судија Омер Хаџиомеровиќ и судија Јулијана Живковиќ Могош. Издавачи: ЗСРМ и Кралството Холандија. Скопје, 2019 година. Издание на македонски, албански и англиски јазик.
●”Анализа на примената на Кодексот за етика на судиите и судиите поротници” Автори: проф. д-р Џејмс Молитерно, доц. д-р Џемали Саити, проф. д-р Ана Павловска Данев, м-р Андреј Божиновски, УСАИД, ЗСРСМ, Скопје, 2022 година.
●Коментар на Законот за правда за деца со практикум. Автори: Академик Владо Камбовски, проф д-р Гордана Лажетиќ, вон.проф. Лазар Нанев, вон.проф. Беса Арифи, вон.проф. Олга Кошевалиска и доц. д-р Џемали Саити. Издавач: Совет за превентива против малолетничка деликвенција Кавадарци, Скопје,2018 година.
●Прирачник за спроведување на мерките за следење на комуникациите DCAF, Скопје, декември 2019 година, еден од Авторите.
●Normative And Practical Challenges of The Republic of Macedonia in the right to a Fair Trail Principle, JO SEEU Review, DO- 10.1515/seeur-2015-0005, коавтор.
● Транспарентно судство: Прирачник за судии и новинари, Автори: Д-р Џемали Саити судија на ВСРСМ и Претседател на ЗСРСМ; Рашел Коен – заменик уредник на Бостон Глоуб (Boston Globe); Гордана Дувњак, новинар, претседател на Судско медиумскиот совет; Ѓори Андонов Претседател на Основен суд Штип; м-р Васко Маглешов, новинар на Призма – Балканска истраувачка мреза; м-р Андреј Бозиновски правен советник во ЗСРМ, Скопје 2020.
Судиите
Судија Беса Адеми
Судија Беса Адеми

Образование:
Работно искуство:
На 12.02.2021 со одлука бр.09-309/1 од страна на Судскиот Совет на Република Северна Македонија е избрана за Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
На 12.03.2021 година претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија даде свечена изјава пред претседателот и членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Судија Владимир Стојаноски
Судија Владимир Стојаноски

Образование:
Основно и средно образование завршил во Скопје.
Дипломирал на правниот факултет во Битола во 1988 година.
Правосуден испит положил во Скопје 1991 година.
Работно искуство:
Работел прво како стручен соработник, потоа како советник и државен советник во Владата на Република Македонија во периодот од 1992-2002 година.
Во 2002 година во Фонд за земјоделство како пом. директор за финансиски и правни работи.
Во 2004 година во Министертво за земјоделство, шумарство и водостопанство како пом. раководител на сектор за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.
Во 2006 година како Директор во Бирото за судски вештачења.
За судија во Управниот суд е избран во 2007 година.
За судија на Врховниот суд на Република Македонија е избран на 13.09.2010 година.
За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 14 април 2011 година.
По истек на 9 годишен мандат на судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија, од 14.06.2020 година продолжува да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Објавени трудови и активности:
Во ноември и декември 2008 година - член на Комисија за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители за I генерација слушатели на почетна обука.
Во периодот од 2013 до 2015 година - предавач во почетна обука од областа на Уставното право за V генерација слушатели на почетна обука при Академијата за судии и јавни обвинители.
Судија Јелица Крстевска
Судија Јелица Крстевска

Образование:
Родена на 17.05.1961 година во Крива Паланка. Живее во Скопје.
Дипломирала на Правниот факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје на 22.03.1984 година.
Правосудниот испит го положила на 22.10.1987 година.
Работно искуство:
Од 07.07.1986 година до 22.10.1987 година приправник во Окружен суд Скопје.
Од 22.10.1987 година до 01.07.1996 година стручен соработник во граѓански оддел во Окружен суд Скопје.
На 01.07.1996 година избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје.
На 01.11.2007 година избрана за судија во Управен суд на Република Македонија.
На 15.07.2011 година избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
На 18.12.2012 година е избрана за член на Судски совет на Република Македонија.
Во јануари 2014 година назначена за член на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители.
На 05.02.2014 година избрана за заменик претседател на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители, која функција ја извршува до септември 2018 година.
По истек на 6 годишен мандат на член на Судски совет на Република Македонија на 18.12.2018 година, продолжува да ја извршува судиската функција во Врховниот суд на Република Македонија.
Судија Шпенд Деваја
Судија Шпенд Деваја

Образование:
Роден е во Скопје на ден 19.04.1962 година. Основно и средно образование има завршено во Скопје. Дипломирал на правниот факултет во Скопје во 1985 година. Во 1987 година во Скопје, го положува правосудниот испит.
Работно искуство:
Во 1986 година работи како адвокатски приправник. Во 1988 година се вработува како шеф на правниот сектор во ПОС Центрохемија Скопје. Од 01.09.1990 е регистриран во Адвокатската Комора на Република Македонија како адвокат под реден број 300. Со Одлука на Судскиот Совет на Република Македонија од 02.12.2013 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
Објавени трудови и активности:
Од 2004 година до 2010 година - член и потпреседатал на Управниот Одбор на Адвокатската Комора на Република Македонија. Од 2000 година до 2010 година - кординатор на проектот финансиран од UNHCR-канцеларија во Скопје, за бесплатна правна помош на бегалците во Република Македонија по наслов: Free Legal Aid to the Refugees in Rеpublic of Macedonia” Земал учество на многу семинари и конференции одржани во земјата и странство и тоа " The “European Convention on Human Rights and its Application on Asylum Seekers", organized by UNHCR B.O. - Skopje," International Course on Refugee Protection in Response to Failure of State Protection (Focus on Agents of Persecution and the Concept of Internal Protection Alternative)", organized by ECRE – London," International Human Rights Instruments for Protection of Refugees", organized by the Center for Refugees and Forced Migration Studies – Skopje," Defending Human Rights in Practice" (lecturer: Andrass Grad, PhD, for-mer Adviser of the Secretariat of the European Human Rights Commission, Adviser of the Hungarian Constitut. Court's president), organized by CSRC,"Proceedings before the European Court of Human Rights" (lecturer: Bill Bowring, PhD, legal representative in proceedings before the Strasbourg Court, Professor at the University of Essex), organized by CSRC,Семинар организран од страна на UNICEF и Совет на Европа со тема малолетничка деликвенција, International Criminal Court organized by ERA-Akademy of Europеan Law, in Germany, Обука на обучувачи организарана од Мисијата на ОБСЕ НМС /ОДДЕЛ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, во врска со измените на зкп, на тема: Истрага, Теорија на случај, Директно испрашување, Вкрстено испрашување и Спогодување за вина.
Судија Африм Фидани
Судија Африм Фидани

Образование:
По завршување на средно училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година се запишува на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет. Во 1989 година дипломира на Правниот факултет.
Работно искуство:
Од 1990 до 1996 година работи во просвета на работни задачи – правно административни.
Од 1996 до 2005 година работи во Државниот инспекторат за труд на Република Македонија, како републички инспектор за труд област на работни односи.
Од 2005 до 2007 година е секретар на Општина Врапчиште – Врапчиште.
Од 2007 до 2011 година е адвокат со седиште во Гостивар.
Од 18.07.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел.
Со Одлука на Судскиот совет на Република Македонија бр.08-1584/4 од 23.11.2017 година избран е за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
Судија Цветанка Периќ
Судија Цветанка Периќ

Образование:
Дипломирала на Правен факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ Скопје во 1989 година.
Правосуден испит положила во Скопје во 1993 година.
Работно искуство:
Во периодот од 1994 година до 2005 година работела како стручен соработник и самостоен судски советник во Апелациониот суд Скопје.
Првпат била избрана за судија во Основниот суд Скопје II Скопје во 2005 година, а од 2007 година до 2009 година работела како судија во Основниот суд Скопје I Скопје на кривична материја.
Во периодот од 2006 година до 2009 година била Претседател на Одделот за кривично полнолетни и Претседател и член на Кривичен совет.
На 30.03.2011 година со одлука за избор 07-588/1 (Сл.в. на РМ бр.42/11 од 4.4.2011 година) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.
Со одлука на Судскиот Совет на Република Северна Македонија бр.08-1447/2 од 11.09.2019 година е избрана за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Објавени трудови и активности:
Тренинзи и посета на едукативни семинари/работилници и друго
- Февруари 2007 година - учество на семинар на тема: „Меѓународно јавно право“.
- Фебруари 2007 година - учество на семинар на тема: „Право на Европска Унија“.
- Март 2007 година - учество на семинар на тема„Меѓународно хуманитарн право“.
- Мај 2007 година - учество на семинар на тема „Докажување и други правни прашања поврзани со примената на меѓународното хуманитарно право„
- Мај 2007 година - „Студиска посета на меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Кралството Холандија“.
- Јули 2007 година - учество на семинар на тема „Етика“
- Септември 2007 година - учество на семинар на тема „Право на европска унија“
- Септември 2007 година – учество на семинар „Посебности на меѓународното хуманитарно право“
- Декември 2007година – учество на семинар на тема „Амнестиите во меѓународното хуманитарно право и практика“
- Декември 2007 година – учество на семинар на тема „Тркалезна маса со судиите за формите на соработка по предметите отстапени од МКСПЈ“
- Јануари 2008 година – учество на семинар на тема „Значењето на судските вештачења во кривичните предмети“
- Февруари 2008 година – учество на семинар на тема „Постапување по барање за спроведување на истрага, раководење со главен претрес, процесни одлуки во истрага, во текот и надвор од главен претрес“
- Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Оценка на докази собрани од Полиција и Јавно обвинителство – увид, реконструкција и постапување со незаконити докази“
- Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Финансиски криминал и перење пари“
- Декември 2008 година – учество на семинар на тема „Видови меѓународна правна помош екстрадиција и трансфер на осудени лица“
- Мај 2009 година – учество на семинар на тема „Взаемна правна помош во кривичната област“
- Јуни 2009 година – учество на семинар на тема „Спречување на корупцијата, судир на интереси, препознавање и надминување“
- Септември 2009 година – учество на семинар на тема „Конфискација на имот и компензација на жртви“
- Септември 2009 година – учество на семинар на тема „Националното и европското право за заштита на потрошувачите и договорното потрошувачко право“
- Декември 2009 година – учество на семинар на тема „Кривични дела во врска со сексуално злоставување и насилство врз децата“
- Декември 2009 година – учество на семинар на тема „Основни карактеристики на кривичните дела, компјутерски криминал и проблеми при негово препознавање“
- Од 2005-2007 учество на семинари од кривично право
- Од1994-2005 учество на семинари од разни области
Судија д-р Мирјана Лазарова Трaјковска
Судија д-р Мирјана Лазарова Трaјковска

Образование:
Дипломирала на Правен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј"- Скопје, (1986 година), положила Правосуден испит (1992 година), Магистер по право (2007 година), и Доктор на правни науки, Правен факултет, Универзитет во Љубљана, Р. Словенија (2012 година).
Зборува англиски, француски и повеќе словенски јазици.
Работно искуство:
1988-1999 Работела на повеќе работни места во МВР на РМ поврзани со застапување пред надлежните судови во граѓански и кривични постапки како и на повеќе работни места на кои работела на управни постапки.
1999-2001 Помошник Министер за управни работи при МВР на Република Македонија.
2001-2003 Раководител на Директоратот за човекови права при Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
2002-2003 Претседател на Државната изборна Комисија на Република Македонија.
2003-2008 Судија во Уставниот суд на Република Македонија.
Oд ноември 2015-февруари 2017 Претседател на Прва Секција во ЕСЧП – Стразбур.
Од февруари 2008-февруари 2017, Судија, Eвропскиот суд за човековите права во Стразбур, (ЕСЧП).
Со одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-289/1 од 07.02.2020 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Објавени трудови и активности:
1995-2006 Член на Комитетот на експерти за државјанство (CJ-NA), и член на работната група одговорна за изготвување на Европската Конвенција за државјанство (CJ-NA-GT) и експерт на Советот на Европа во три регионални експертски состаноци во врска со законодавството за државјанството во земјите членки на Дејтонските договори (1996).
2001-2003 Член на Управниот Комитет за човекови права при Советот на Европа и на Комитетот за подобрување на управните и судските постапки, Совет на Европа.
2004-2008 Член на Европската Комисија за демократија преку правото (Венецијанска Комисија), а од 2006-2008 Заменик Председател на Советот за демократски избори.
2018 Правен Советник на Венецијанската Комисија и ПС на Советот на Европа за претседателските избори во Црна Гора и Турција и за општите избори во Босна и Херцеговина; Шеф на Мисијата на OSCE ODIHR за оценка на парламентарните избори во Естонија (2007); Член на мисијата на OSCE ODIHR за оценка на изборите за Конгресот и Сенатот во USA (2006).
Од 2017 држела предавања на повеќе странски универзитети (Емори Универзитет, Правен факултет, Атланта САД, 2018; Универзитетот Renmin во Пекинг 2018; Правен факултет на Универзитетот во Birmingham, Велика Британија, 2017; Правен факултет при Католичкиот Универзитет во Lille, Франција, 2017).
Од 2017 до година до 2020 година, обучувала судии од земјите членки на Европската Унија, како и од земјите од источна и централна Европа во врска со судската пракса на Европскиот суд за човековите права, и била ангажирана како експерт за Советот на Европа, Венецијанска Комисија (Комисија за демократија преку правото), AIRE Cеnter од Лондон, OSCE.
Објавила голем број на публикации, текстови и анализи од областа на човековите права, уставното право и изборно право.
Судија м-р Сафет Кадрии
Судија м-р Сафет Кадрии

Образование:
Дипломирал на Правниот факултет во Приштина на 9.6.1990 г.
На 20.2.2001 г. положил правосуден испит во Скопје.
На 10.7.2008 г. магистрирал на Правниот факултет во Приштина, кривично-правен смер со магистарски труд на тема „Начелото на законитост во кривичното право“.
Работно искуство:
Во периодот од 10.7.1990 г. до 31.12.1992 г. работел како секретар на Земјоделска задруга „Братство“ во с.Желино, Тетово.
Во периодот од 1.1.1993 г. до 31.1.1996 г. бил директор на ДОО „Агростримница”, Тетово.
Од 22.7.1996 г. до 24.9.2000 г. работел како помошник директор во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Скопје.
Од 18.8.1999 г. бил заменик член во Државната изборна комисија, Скопје.
Од 12.6.2001 г. до 31.10.2003 г. бил државен секретар во Министерството за правда на Република Македонија.
Од 1.11.2003 г. работел како државен советник во Уставниот суд на Република Македонија, а во текот на 2005 г. и 2006 г. бил портпарол на Судот.
На 25.6.2009 г. е избран за судија во Апелациониот суд со одлука за избор бр.07-1492/1 од 25.6.2009 г. и постапува по предмети во кривичниот отсек, член е на Кривичниот совет во Судот и е определен да го заменува Претседателот на Судот во негово отсуство.
Судијата е одговорно лице за односи со јавноста за прашања во врска со предмети од кривична област.
Со одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-290/1 од 07.02.2020 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Објавени трудови и активности:
Сертификат за постигање успешно учество во IFES Студискиот Престој во Албанија, 21–27 Јуни 2001 – издадено од Амбасадата на Соединетите Американски Држави и УСАИД;
Сертификат за постигање на успешно завршување на Студиски престој за изборниот процес во Република Албанија– издадено од Меѓународната Фондација за Изборните Системи (IFES).
Судија Анита Бошковска
Судија Анита Бошковска

Образование:
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 31.3.1987 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 22.6.1989 г.
Работно искуство:
На 2.3.1988 г. се вработила како приправник во тогашниот Општински суд Скопје 1 Скопје, каде подоцна работела како стручен соработник во одделение за малолетници, истражно одделение, вонпарнично и парнично одделение.
Во периодот од 1995 г. се до 27.6.1996 г. работела како стручен соработник во Врховниот суд на РМ во управен оддел.
На 27.6.1996 г. прв пат била избрана за судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје каде постапувала по предмети од граѓанска материја.
Од 1.4.2007 г. до 25.6.2009 г. била судија во граѓанскиот оддел на Основен суд Скопје 2 Скопје.
На 25.6.2009 г. е избрана за судија во Апелациониот суд со одлука за избор бр.07-1492/1 од 25.6.2009 г. постапува по граѓански предмети и е претседател на совет.
Со Одлука 09-723/1 од 29.03.2023 година избрана за граѓански судија во Врховниот суд на РСМ.
Објавени трудови и активности:
Од септември 2007 година работи како постојан едукатор од областа на граѓанското право во почетната обука за судии и јавни обвинители во Академијата за обука на судии и јавни обвинители.
Со одлука на Министерот за правда од 01.01.2019 година избрана за член на Комисија за правосуден испит за наставен предмет Меѓународно приватно право, со мандат од две години заклучно со 2021 година.
Во периодот од 06 до 09 12.2018 година присуствувала на Годишната конференција на Европскиот суд на правда во Луксембург, на тема Позначајни одлуки во граѓанското право.
Во периодот од 07.03 до 14.03 2015 година имала судиски престој во Бордо - Академијата за судии и јавни обвинители во Франција.
Во периодот од 29.02.2016 до 04.03.2016 година присуствувала на Конференција за обука на обучувачи за Меѓународно приватно право и Европско право кое се одржувало во Белград.
Активно учествувала на повеќе советувања и семинари во РМ и во странство во периодот од 1998 година до 2018 година и тоа на разни теми од областа на ЗПП, стекнување, запишување и судска заштита на правото на сопственост, надомест на штета, теоретски и практични аспекти во брачните спорови и семејните односи, медијација, потапување во спорови од работни односи, едукација на едукатори Проект „Развој на наставен кадар“ вовед во Европското законодавство – прелиминарни одлуки на ЕСП.
Има добиено сертификати за учество на конгрес во Подгорица – Теоретски и практични аспекти на законодавството во брачните спорови и семејните односи – регионална работилница „CARDS 2003“, семинар за Обука на едукатори „Примена на одделни членови од европската конвенција за човекови права“ (во соработка со советот на Европа), конгрес во Букурешт организиран од Академијата за судии на Романија, на тема „Техники за пишување на граѓански одлуки“, семинар во Скопје на тема „Обука на обучувачи за Европско законодавство“ организирано од „Centre for European Constitutional Law“, семинар на тема „Правно пребарување“ – организиран од Проектот „CARDS 2004“.
Активно зборува Англиски јазик.
Судија м-р Катерина Георгиевска
Судија м-р Катерина Георгиевска

Образование:
Дипломирала на Правен Факултет,Јустинијан Први ,Универзитет Св.Кирил и Методиј – Скопје (1986 година).
Положила правосуден испит (1988 година),
Магистер по деловно право (2017)
Работно искуство:
Од февруари 1987 волонтер во тогашниот Основен суд Скопје I Скопје
Од јануари 1988 приправник во тогашниот Окружен суд Скопје каде постапувала по предмети од граѓанскиот оддел
Од септември 1988-1996 стручен соработник во тогашниот Окружен суд Скопје каде постапувала по предмети од граѓанскиот оддел
1996-2000 стручен соработник во Врховен суд на Република Македонија каде постапувала по предмети од граѓанскиот оддел
2000 -2004 самостоен судски советник во Врховен суд на Република Македонија каде постапувала по предмети од граѓанскиот оддел
2004-2007 Судија во Основен суд Скопје I Скопје каде постапувала по предмети од граѓанскиот оддел
2007- 2013 Судија во Основен суд Скопје 2 Скопје каде постапувала по предмети од граѓанскиот оддел
2013- 2023 Судија во Апелационен суд Скопје каде постапувала по предмети од Одделот за граѓански дела
2014-2023 Претседател на совет кој постапува по предмети од граѓанска област во Апелационен суд Скопје
2017-2023 Претседател на Одделот за граѓански дела во Апелационен суд Скопје
Има познавање на англиски јазик. Има искуство во работата со комјутери.
Со Одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр. 09-723/2 од 29.03.2023 година е избрана за судија на Врховен суд на Република Северна Македонија
Во Академијата за судии и јавни обвинители е предавач- едукатор на почетна обука на кандидатите за судии и јавни обвинители. Предавач е и на континуирана обука на судиите од граѓанската област.
Во Академијата за судии и јавни обвинители била ментор на многу кандидати за судии и јавни обвинители од повеќе генерации.
Била член на Програмски совет во академијата за судии и јавни обвинители.
Обучувач, тутор е на HELP курсеви за Западен Балкан Совет на Европа.
Член е на Комисија за спроведување на конкурс за именување на извршител
Учестувала во комисија за измена на Законот за парнична постапка.
Во својата континуирана стручна едукација учествувала во голем број стручни конференции и семинари во земјата и странство.
Има изготвено стручни теми и материјали од граѓанската област кои се објавени во стручни списанија.