СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Новости
|
17.5.2024
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 17.05.2024 година во 23:52 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр. 93/24, оформен по тужба поднесена од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024, против Решение број УП1 10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, ја донесе и јавно ја соопшти изреката на одлуката

Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Коалиција „ЕВРОПСКИ ФРОНТ" предводена од ДЕМОКРАТСКА УНИА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА (Движење на Народот ДН, Демократска Партија на Албанците, Европска Демократска партија-ЕДП, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите УЕ, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз-БДС) Изборна кампања за Парламентарни избори 2024 година поднесена против Решението на Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија, УП1 бр. 10-19/1 од 14.05.2024 година за Избирачко место бр. 1844 Општина Струга по кандидатски листи од парламентарни за 2024 година за избор на пратеници во Собрането на Република Северна Македонија, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini