Членови на Судски Совет на РСМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Членови на Судски Совет на РМ

Членовите на Советот во вршењето на функцијата член на Советот се еднакви во правата и обврските.

Член на Советот ги има следниве права, обврски и одговорности:

  •     учествува во работата и во одлучувањето на Советот;
  •     дава иницијативи, предлози и мислења по прашања од надлежност на Советот;
  •     учествува во работата на работните тела на Советот во кој е избран;
  •     по заклучок на Советот остварува увид во работата на судија и презема други дејствија и за тоа му поднесува извештај на Советот;
  •     одговорен е за повреда на Уставот и закон во врска со вршење на функцијата во Советот и
  •     врши и други работи определени со овој закон.

Престанок на мандат на член на Советот

На член на Советот му престанува мандатот:
•        со истекот на времето за кое е избран;
•        по негово барање;
•        ако е разрешен од судиската функција согласно со закон;
•        ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело злоупотреба на службена должност и     овластување во вршење на функцијата или друго кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци што го прави недостоен за вршење на функцијата член на Советот;
•        ако на член на Советот му се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата и
•        ако е избран на друга јавна функција или професија.

 

 

 Антоанета Димовска

 Антоанета Димовска

Име и презиме :
Антоанета Димовска
Година на избор:
14.07.2023
Област на која работи судијата:

Образование:

12.06.2017 година

  • Магистер по право, насока - Граѓанско материјално и процесно право - Универзитет Св.Кирил и Методиј, Правен факултет Јустинијан I

1982-1987 година                       

  • Правен факултет – Универзитет Кирил и Методиј -  Скопје

1978-1982 година

  • Средно медицинско училиште,  Д-р Панче Караѓозов -  Скопје

1970-1978 година

  •  Основно училиште

Работно искуство:

Април 2007 година

  • Судија – Основен Суд Скопје 2, Скопје граѓанска парница(Основен граѓански суд)

Јуни 1996 – Април 2007 година

  • Судија – Основен Суд Скопје 1, Скопје стопански престапи, управно сметководствени спорови, граѓанска парница и член на стечаен совет

Јуни 1995 – Јуни 1996 година

  • Стручен соработник - Општински Суд  Скопје 2,   Скопје  - граѓанска и кривична област

Декември 1994 – Јуни 1995 година

  • Советник – Министерство за одбрана на Република Македонија во граѓанска област

Август 1989 – Декември 1994 година

  • Стручен соработник Општински Суд Скопје 2   Скопје

Јануари 1988 – Август 1989 година

  • Приправник (волонтер) - Општински Суд Скопје  2  Скопје

14.07.2023 година  -  избрана за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија

 

Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија.

Објавени трудови и активности:

  • Едукатор и ментор во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев од нејзиното формирање до денес.
     
  • Со заклучок на Судскиот совет на Република Македонија одобрено ангажирање во практичната настава – предавач на насоката граѓанско материјално и граѓанско процесно право по предметите стварно право 2 и граѓанско процесно право -применета програма при Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје во период од учебната 2010 година, па до 2018/2019 година. Постојана соработка со Правниот факултет Јустинијан Први за практична обука на студенти за примена на Облигационото и процесното право.
     
  • Одржани едукации во Академијата за судии и обвинители, во областа на граѓанското право, како процесното, така и материјалното право секоја година во согласност со програмата на Академијата за судии и јавни обвинители, во почетната и континуираната едукација..
     
  • Одржани обуки во делот на примената на одредбите од Законот за семејството, за привремени мерки за заштита од семејно насилство.
     
  • Одржани обуки од областа на односите со јавноста и пристапот до информации од јавен карактер.
     
  • На покана на здружението на правници и здружението на правници од здравството, одржани излагања и учество во работилници. Oбјавени трудови во Судската ревија на тема дејството на одлуките на Уставниот суд во примената на законите кои се укинати или поништени и во стручното списние Правник од областа на сопственосно правните односи и примената на Законот за парничната постапка.
     
  • Организирање на разни активности со ученици, студенти и граѓани заради доближување на судскиот систем до граѓаните.
     
  • Во 2010 година доделено признание за најдобро лице зa односи со јавноста во судството од страна на Програмата за реформи во судството на USAID Македонија.
     
  • Во 2012 година доделено признание од USAID Македонија за особените напори за развитокот на целите на  USAID Македонија и за  исклучителна и инспиративна жена.( For outstanding efforts to further USAID/Macedonians development goals and objectives and for being an exceptional role model and inspiration to women in Macedonia).
     
  • Национален тутор за ХЕЛП он лајн курсеви на Советот на Европа за примена на член 1 протокол 1 од Конвенцијата за заштита на човекови права.
     
  • Член на комисијата за изготвување на нацрт на законот за Сопственост и други стварни права.
     
  • Член на  комисијата за изготвување на нацрт Законот за парнична постапка 2019/2021 година.
     
  • Член на комисијата за кодификација на граѓанското право 2022 година и во тек.

 

 Сашко Георгиев

 Сашко Георгиев

Име и презиме :
Сашко Георгиев
Година на избор:
11.09.2018
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломиран на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 07.05.1997 година.

Правосудниот испит го положил во 2000 година.

Работно искуство:

Од 2001-2008 година вработен како адвокат во адвокатска канцеларија во Штип.

На 07.02.2008 година избран за судија во Основен суд Штип, каде до 2018 година работеше како судија-кривичар.

Во периодот од 2014-2016 година е член на Управен одбор на Здружение на судии на Република Македонија, по што во 2017 година е избран за претседател на Здружението на судии на подружницата во Основен суд Штип.

Од 2014 година е активен едукатор-предавач од кривична материја во Академијата за судии и обвинители на Република Македонија.

Од 2015 година е предавач во ОБСЕ на тема „Криминал од омраза“.

На ден 11.09.2018 година е избран за член на Судски совет на Република Македонија.

 

Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија.

Прва<12>Последна