Студиска посета во Хаг, Кралство Холандија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Студиска посета во Хаг, Кралство Холандија
Студиска посета во Хаг, Кралство Холандија
Во периодот од 15 до 18 јули 2024 година, претседателката и членовите на Судскиот Совет на Република Северна Македонија остварија студиска посета во Хаг, Кралство Холандија, организирана и со финансиска поддршка од проектот на CILC, Матра, за кое Советот изрази особена благодарност.
Целта на оваа студиската посета беше обезбедување на идеја за начинот на организација на Судскиот Совет и неговата интеракција со судството и другите релевантни органи во секторот на правосудството, запознавање и компаративна анализа на методите и практиките кои се применуваат во двете земји, а истото е од особено значење во насока на зајакнување на меѓународната соработка .
Во рамките на посетата беа организирани средби и состаноци со претседателот на Судскиот совет на Холандија - Хенк Навес, како и претставници од Советот, со претседателката на Апелациониот суд во Хаг - Мариеке Колк, а воедно беа остварени средби и со претставници на Државниот совет и Министерството за правда.
Одржаните средби и состаноци се од исклучително значење за Судскиот совет на Република Северна Македонија имајќи во предвид дека пренесеното искуство од страна на претставниците на институциите од Холандија која е земја членка на ЕУ е во насока на запознавање со практиките и стекнување на искуство, кое во наредниот период Судскиот совет ќе го имплементира во рамки на своите надлежности.