Соопштение од 479-та седница на Судскиот совет на РСМ - 21.02.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 479-та седница на Судскиот совет на РСМ - 21.02.2024 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 479-та седница одржана на ден 21.02.2024 година одлучи за следното:
1. Донесена е Одлука по Одлуката на Управен суд Скопје така што Решението на Судскиот совет на РСМ се огласува за ништовно и на Зоран Теофиловски, судија на Апелациониот суд Гостивар му престанува судиската функција заклучно со 30.06.2022 година поради исполнување на услови за старосна пензија.
2. Донесен е Заклучок да се побара произнесување од подносителот на приговорот Мери Радевска, изјавен против решенија на Судскиот совет на Република Северна Македoнија за престанок на судиска функција, за престанок на мандат на член на Советот и за престанок на работниот однос и доколку останува на поднесениот приговор, истата да го потпише, по што Советот ќе одлучува;
3. Барањето на Александар Шопов, судија на Апелационен суд Скопје за надомест на трошоци со кое бара да му се утврди право на надомест на трошоци за превоз како судија којшто живее во една, а работи во друга општина, за периодот од поднесување на барањето па во иднина, се додека судијата ја извршува судиската функција во Апелационен суд Скопје, во висина на вистинските трошоци за превоз со превозно средство од јавен сообраќај, кое овозможува навремено пристигнување и заминување од работа, на релација Велес -Скопје и обратно, се одбива како неосновано;
4. Донесени се одлуки за престанок на судиска функција на судии поради исполнување на услови за старосна пензија и тоа на следните судии:
- Лиле Наумовска, судија на Апелационен суд Битола на 21.02.2024 година;
- Орхан Асим, судија на Основен суд Битола на 21.02.2024 година и
- Елизабета Манели Ташевска, судија на Основен суд Битола (заклучно со 26.02.2024 година);
- Донесена е одлука за престанок на судиска функција на Петре Србиновски, судија на Апелационен суд Битола на 21.02.2024 година, по сопствено барање;
- Донесена е Одлука со која за вршител на должноста претседател на Апелационен суд Битола се определува Александар Камбовски, судија на Апелационен суд Битола и истиот се овластува да биде потписник на сите акти и сметки на судот од 22.02.2024 година.
5. Донесени се Одлуки за престанок на функцијата судија поротник, по сопствено барање и тоа на следните судии поротници:
- Катерина Атанасова-Здравеска-судија поротник на Апелационен суд Скопје;
- Гоце Биковски- судија поротник на Основен суд Берово;
- Маја Соломоновска судија пороник на Основен суд Гостивар и
- Ружди Шемо-судија поротник на основен суд Охрид.
6. Донесени се одлуки по поднесени приговори од судии и тоа:
- Приговорот поднесен од Верка Костовска, судија на Основен суд Тетово против Годишен распоред за работа на Основен суд Тетово за 2024 година со кој судијата се распоредува да постапува и по прекршочни предмети на Основниот суд Тетово, се отфрла од причини што по истиот веќе е одлучено од страна на Општата седница на Врховниот суд на РСМ и
- Приговорот поднесен од Бетим Јахја судија на Основен суд Тетово против Годишен распоред за работа на Основен суд Тетово за 2024 година со кој судијата се распоредува да постапува и по прекршочни предмети на Основниот суд Тетово, се отфрла од причини што по истиот веќе е одлучено од страна на Општата седница на Врховниот суд на РСМ;
7. Разгледани и усвоени се извештаите за работни посети на Апелационен суд Скопје и на Основен суд Охрид;
8. Разгледано е прашањето за начинот на постапување на Судскиот совет на РСМ, по донесување на Одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за распишување на претседателски и парламентарни избори и донесени се следните Заклучоци:
- Постапките за утврдување на одговорност на претседател на суд/судија, во сите фази на постапување и тоа: барањата за утврдување на одговорност на претседател на суд или судија за кои по приемот во Советот не е формирана Комисија на известители, започнатите постапки по кои комисиите на известители имаат превземено дејствија, како и постапките кои се во фаза на изготвен извештај за констатирана состојба, од денот на донесување на одлуката за распишување на претседателски и парламентарни избори до денот на завршување на изборите се ставаат во мирување
- Постапките за избор на претседател на суд/судија, во сите фази на постапување и тоа: објавување на оглас, спроведување на интервју, организирање на полагање на психолошки тест за проверка на социјалните способности и тест за интегритет за проверка на етички и морални вредности на кандидатите, проверка на знаењето на практична работа со компјутер, како и избор на претседател на суд/судија по веќе завршените постапки, од денот на донесување на одлуката за распишување на претседателски и парламентарни избори до денот на завршување на изборите се ставаат во мирување и
9. За членови на Дисциплински совет на Нотарската комора на Република Северна Македонија се предлагаат два члена и нивни заменици од редот на судиите во РСМ и тоа:
-Сашко Георгиев-судија на Основен суд Штип – член;
-Гордана Билеска-судија на Основен граѓански суд Скопоје- заменик член;
-Мирсад Суроји –судија на Основен суд Куманово- член и
-Реџеп Асани-судија на Основен суд Гостивар-заменик член.