Соопштение од 245-та седница на Судски буџетски совет - 04.03.2025 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 245-та седница на Судски буџетски совет - 04.03.2025 година

Соопштенија за јавност  |  05.3.2025

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 245-та седница одржана на ден 04.03.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:

 

  1. Записник од 241-та седница одржана на ден 24.01.2025 година и Записник од 242-та седница одржана на ден 30.01.2025 година;
  2. Точките 2 и 3 беа одложени за разгледување на наредна седница, откако ќе биде добиено мислење од Работното тело за стандардизација на постапките во судовите при Врховниот суд на РСМ;
  3. Разгледа барање од Академија за судии и јавни обвинители бр.04-115/1 од 27.02.2025 година за обнова на финансиска согласност за 130 слушатели за почетна обука за 2025 година, по што членовите на Советот се согласија истото да биде проследено до Министерството за финансии за натамошно постапување;
  4. Под точка Разно членовите на Советот дискутираа во врска со престојната групна јавна набавка за судска облека (тоги) и униформи за судската полиција, по што членовите се согласија за потребите на истата Управниот суд (како носител на групната јавна набавка) да се обрати до сите судови заради прибирање информации за количините (потребен број на судски тоги/униформи за судска полиција) кои треба да се набават за секој суд.