Соопштение од 227-та седница на Судски буџетски совет - 19.04.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 227-та седница на Судски буџетски совет - 19.04.2024 година
Соопштенија за јавност
|
19.4.2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 227-та седница одржана на ден 19.04.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:
- Усвои Записник од 221 итна седница одржана на ден 12.02.2024 година, Записник од 222 седница одржана на ден 26.02.2024 година, Записник од 224 седница одржана на ден 11.03.2024 година и Записник од 225 седница одржана на ден 20.03.2024 година;
Записникот од 223 седница одржана на ден 04.03.2024 година беше повлечен и одложен за разгледување на наредна седница;
- Донесе Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализација на судскиот буџет за 2023 година;
- Разгледа Барање од ОС Битола Су-80/24 од 20.03.2024 година за одобрување средства и согласност за потпишување спогодби, по што усвои заклучок горенаведеното барање повторно да се разгледува по завршување на изборниот процес;
- Разгледа Известување од ОС Куманово 03-СУ-106/24-1 од 19.03.2024 година и барање мислење за вклучување во проектот ‘‘ЕУ за чист воздух‘‘, по што усвои заклучок да се побараат дополнителни податоци од судот во врска со нивните потреби и проценка на очекуваните финансиски импликации.