Соопштение од 227-та седница на Судски буџетски совет - 19.04.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 227-та седница на Судски буџетски совет - 19.04.2024 година

Njoftim për opinionin  |  19 Pri 2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 227-та седница одржана на ден 19.04.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:

  1. Усвои Записник од 221 итна седница одржана на ден 12.02.2024 година, Записник од 222 седница одржана на ден 26.02.2024 година, Записник од 224 седница одржана на ден 11.03.2024 година и Записник од 225 седница одржана на ден 20.03.2024 година;

Записникот од 223 седница одржана на ден 04.03.2024 година беше повлечен и одложен за разгледување на наредна седница;

  1. Донесе Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализација на судскиот буџет за 2023 година;
  2. Разгледа Барање од ОС Битола Су-80/24 од 20.03.2024 година за одобрување средства и согласност за потпишување спогодби, по што усвои заклучок горенаведеното барање повторно да се разгледува по завршување на изборниот процес;
  3. Разгледа Известување од ОС Куманово 03-СУ-106/24-1 од 19.03.2024 година и барање мислење за вклучување во проектот ‘‘ЕУ за чист воздух‘‘, по што усвои заклучок да се побараат дополнителни податоци од судот во врска со нивните потреби и проценка на очекуваните финансиски импликации.