СООПШТЕНИЕ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ
С О О П Ш Т Е Н И Е
Судскиот совет на Република Северна Македонија по повод пласираните информации во јавноста за наводен „извршен претрес“ во просториите на Советот во текот и по завршувањето на работното време, ја информира јавноста за следното:
По примени писмени барања на ОЈО Скопје, Судскиот совет на РСМ постапи по истите.
Нагласуваме дека не е издадена наредба за претрес, ниту е извршен претрес во просториите на Судскиот совет на РСМ.
Советот соработува и ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи и институции во државата водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство и се оградува од било какви влијанија и притисоци одвнатре и однадвор, а со цел заштита на независноста и интегритетот на судството.