Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Соопштенија за јавност  |  16.10.2023

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет на 210-та седница одржана на ден 02.10.2023 година го разгледа барањето на Основен кривичен суд Скопје  03 Су.бр.353/23 од 06.09.2023 година со кое претседателот на судот покрај другото бара веднаш да се започне со исплата на додатоци на плата на вработените во судската администрација. Судскиот буџетски совет дава целосна поддршка на барањето и бара Министерството за финансии да ги почитува законските одредби за исплата на додатоци на плата согласно Законот за плати на членови на Судски совет, Законот за плати на судии и Законот за судска служба.  Додатоците се законско право на вработените и Министерството за финансии треба да обезбеди средства за  исплата. Дополнително треба да се има предвид состојбата во судството по одржаните протести и најавите за стапување во генерален штрајк на судската служба. Секој прекин во работењето на судството значи одолговлекување на судските предмети и предизвикува дополнителни трошоци во работењето, па затоа е потребно најитно да се постапи по барањата на администрацијата и да се продолжи со исплата на додатоци во соодветен процент.

Судскиот буџетски совет има сериозна забелешка кон Министерството за финансии од аспект на почитување на финансиската самостојност и независност на судската власт при донесувањето на одлуки за пренамена или за исплата на  додатоци на плата, кои што Министерството не ги почитува. Таквото постапување на Министерството сериозно ја доведува во прашање независноста и самостојноста на судската власт што е услов за целосна независност и самостојност на судската власт.

Заради надминување на ваквата состојба Судскиот буџетски совет бара во најкраток рок да се надминат проблемите со исплатата на додатоците на плата и бара почитување на донесените одлуки.