С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Комисијата за спроведување на избори на членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите ја известува јавноста и медиумите дека во текот на вчерашниот ден (11.12.2024 година) се спроведоа избори за членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа од редот на судиите од Апелационото подрачје Штип и од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во Република Северна Македонија.
За член на Судски совет на Република Северна Македонија од редот на судиите од општата листа за кандидати од апелационото подрачје Штип е избрана Данка Ристова, судија на Апелационен суд Штип, додека за член на Судски совет на Република Северна Македонија од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во Република Северна Македонија од посебната листа на кандидати е избран Аритон Ала, судија на Апелационен суд Скопје.
Во законски предвидниот рок согласно одредбите од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија не се доставени приговори.
На следниот линк може да се најде целосната снимка од сумирањето на резултатите.
https://www.youtube.com/watch?v=9k2As7pa9e8
КОМИСИЈА
за спроведување на избори на членови на
Судскиот совет на РСМ
од редот на судиите
Претседател,
d-r Subhi Jakupi