Соопштение од 493-та седница на Судскиот совет на РСМ - 22.07.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 493-та седница на Судскиот совет на РСМ - 22.07.2024 година

Njoftim për opinionin  |  22 Kor 2024

 

 

СООПШТЕНИЕ 

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 493-та седница одржана на ден 22.07.2024 година (понеделник )  одлучи за следното:

 

1. Усвоен е Записник од 488-та седница на Судскиот совет на РСМ од 29.05.2024 година;

2. Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:

- УПП бр.190/24, 200/24;

- УПП бр.85/24,180/24

- УПП бр.76/24, 96/24, 148/24,158/24, 216/24.

- УПП бр. 176/24,193/24, 214/24

- УПП бр.171/24, 207/24

- УПП бр.73/24, 164/24, 192/24, 215/24

- УПП бр.132/24, 170/24, 233/24

- УПП Бр.210/24, 220/24

- УПП бр.186/24, 188/24, 198/24, 219/24

 

Претставките под УПП бр.152/24 и 156/24 по дискусиите се повлечени заради дополнителни извиди;

Претставката под УПП бр.204/24 е повлечена од известителот заради дополнителни извиди;

3. Донесе одлука со која се усвојува  барањето на Александар Камбовски, член на Судскиот совет на РСМ за надомест на трошоци за одвоен живот од семејството;

4. Разгледан  и усвоен е извештајот од извршенa работнa посетa на Основен суд Битола со заклучните согледувања и тоа:

 -По однос за решенијата за изземање, констатирано е дека постојат законски и образложени причини врз основ на кои претседателот на судот ги донел одлуките за изземање. Во предметите СУ.ИЗЗ не е констаирано постапување спротивно на законските прописи. По донесена одлука за изземање предметите се прераспределуваат преку АКМИС системот.

- Со старите нерешени предмети се постапува согласно Акциониот план за решавање на стари предмети и судиите секој месец доставуваат изваштај за стари и нерешени предмети, наведувајќи ги причините и превземените дејствија како и објективните причини -По однос на извршениот увид во предметот ПРКС бр.3909/21 од страна на координаторот за следење на работата на судот потребно е да се утврдат околностите за причините за застареност и да се извести Советот;

 

5. Донесена е одлука со која се усвојува барањето на судија за јавност на целокупниот тек на постапката по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;

6. Донесени се одлуки по известувања за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, така што: 


 - продолжена е постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија;

-констатирано е повлекување на известувањето за утврдена фактичка состојба поради  направен превид на Комисијата на известители, така што потребно е дополнение на известувањето од страна на Комисијата;

- запрена е постапката за утврдување на одговорност  на судија по едно барање за утврдување на одговорност на судија;

7. Расправаше по Извештаи за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судии и донесени се следните одлуки:

 -по едно барање  изречена е дисциплинска мерка намалување на плата во висина од 30% од месечната плата на судија во траење од два месеци;

-по едно барање  изречена е дисциплинска мерка намалување на плата во висина од 30% од месечната плата на судија во траење од шест месеци;

-по едно барање изречена е дисциплинска мерка јавен укор и

8. Донесена е Одлука  за измена на Комисија на известители по поднесенo барањe за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

 

Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк: 

 

https://www.youtube.com/watch?v=6KQDdUb2cvU